ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Спречен транспорт на дрога вредна 100.000 евра, претреси во Арачиново, приведени двајца дилери

March 24, 2023 15:19
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Приведени се две лица од скопско Арачиново, во чие возило полициски службеници откриле 35 килограми марихуана, во вредност од 100.000 евра.

-Утринава од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога во содејство со Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар, Оперативен тим Потраги при СВР Скопје и СВР Тетово се лишени од слобода две лица од с. Арачиново, скопско, при што е спречен транспорт на околу 35 килограми дрога, информираат од МВР.

Имено, во утринските часови на наплатна станица Тетово, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Ренџ Ровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано К.А.(32), во кое сопатник бил О.А.(23), двајцата од с. Арачиново, скопско. Лицата не ја почитувале дадената полициска наредба да го сопрат возилото, туку се дале во бегство, притоа оштетувајќи службено полициско возило, но набргу се запрени и лишени од слобода.

-При извршен преглед во багажниот простор на возилото пронајдени се четири вреќи со марихуана, со вкупна тежина од околу 35 килограми, со вредност од околу 100.000 евра. На самото место на наплатната станица Тетово излезе и Јавен обвинител од тетовското ОЈО кој го раководеше увидот. Малку подоцна, по добиена судска наредба, извршени се претреси и во домовите на двете лица во с. Арачиново, при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, известуваат од МВР.

Оттаму посочуваат дека против А.К., МВР подолг временски период презема мерки и активности за негово пронаоѓање и лишување од слобода, бидејќи за него е распишана централна потерница поради бегство од штипскиот затвор, каде има за доиздржување затворска казна од околу 6,5 години, а се барал и по расписи за извршени повеќе кривични дела, како шверцување на мигранти и шверц со дрога.

Двете лица се приведени во СВР Тетово и против нив во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик.

-Денешната акција е уште една од низата акции на МВР во последниов период преземени во борбата против недозволената трговија со дрога и наркотични средства, но и бројните мерки и активности за пресметка со сите видови криминал, нагласуваат од полицијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АрачиноводрогаМВРшверц

НАЈНОВО

ОЈО ГОКК за утре најави брифинг за случајот со даночно затајување и перење пари, освен Крмзов обезбедени уште две лица

June 9, 2025

Полицијата уапси околу 60 демонстранти во Сан Франциско

June 9, 2025

 Крстеска: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk