ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски: Со националната одлука за НАТО ги пробивме бариерите, обединување и за одлуките за ЕУ

March 27, 2023 12:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашата национална одлука за членство во Алијансата ги проби бариерите на партиите, религиите и народите и не обедини сите. Незначајна маргина се оние малкумина кои не се горди на овој наш успех и би сакале други алтернативи. Убеден сум дека такво обединување имаме и околу нашите одлуки за ЕУ, порача премиерот Димитар Ковачевски на централната свеченост во касарната „Илинден“ по повод тригодишнинатата од членството во НАТО.

Горд е, како што рече, што нашите деца овој ден ќе го изучуваат како еден од најсветлите денови во нашата историја, затоа што, потенцираше, овој ден ја гарантира и нивната иднина. 27 март е денот кога Северна Македонија ја запечати својата безбедносна иднина, момент после кој нашата стабилност не може да биде доведена под прашалник од никого. И од таа точка можеме да чекориме само напред, силно и брзо, рече Ковачевски.

Оваа годишнина, посочи премиерот, не е само сеќавање на моментот кога македонското знаме се развиори пред седиштето на НАТО во Брисел, туку и момент во кој престанавме да бидеме точка на дневен ред во безбедноста и станавме дел од масата која го создава дневниот ред за светската безбедност.

-Денеска ние сме НАТО. Ја остваривме едногласната одлука на нашето Собрание и идејата на нашите предци кои се бореа да сме еднакви со најразвиените. Успеавме да се избориме на овој пат. Со истото темпо продолжуваме и на нашиот пат кон членство во ЕУ, наведе премиерот, кој ги потенцираше придобивките од членството во НАТО, успешноста на Армијата, вложувањето во нејзиниот развој, а ја нагласи и поддршката за Украина и значењето на сојузништвото во рамки на Алијансата.

Упати и честитка до припадниците на Армијата и до сите граѓани за годишнинатата и посака да се одбележува овој ден уште многу години во мир и благосостојба како членка на најголемиот воено одбране сојуз во светот.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, пак, потенцираше дека државава со членството во НАТО денес припаѓа таму каде и е местото.

-Нашата цел не беше само да ја внесеме Армијата во НАТО, туку и НАТО во Армијата, со опрема која секојдневно се менува, со процедурите и процесите кои се развиваат, со кадарот кој се усовршува, со условите за работа и стандардот кој го има секој професионален војник, подофицер и офицер. Сето ова ќе беше невозможно без растот на Буџетот на одбраната. Нашата земја ќе го достигне НАТО критериумот од два процента од БДП алоциран за одбраната веќе следната година, а вториот критериум за опремување и модернизација веќе го надминавме, бидејќи годинава 33 проценти од Буџетот е наменет токму за опремување, рече Петровска.

И началникот на ГШ, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски посочи дека зачленувањето во НАТО е значаен историски настан кој ќе сведочи за успесите на државата и Армијата

-Остварување кое не само што го круниса нашиот долгогодишен стремеж туку и важен чекро за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот, рече Ѓурчиновски.

Tags: КовачевскиМакедонијаНАТО
Next Post

Одбележана годишнина од членството во НАТО (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk