РИБАРО
Мицкоски на брифинг во белата палата на вмровците, за последната анкета на Божиновски, како што дознава АХА, барал од своите пајташи смена на тактиката и потплатениот кадар задолжен за дуење на статистичките податоци за популарноста на партијата.
„Ќе ми каже ли некој колку пати треба да се штелнат анкети за да му всадиме на народов дека на наредни избори победничка партијa ќе биде ВМРО-ДПМНЕ? Јас ќе ви кажам. Ни требаат штелнати анкети секој месец, со различни комбинаторики. И друго ќе ви кажам. Доста е и од Божиновски. Го испотрошивме скроз и веќе никој не ги есапи неговите анкети како релевантни. Видете што се дешава на јавнава сцена со последната анкета пласирана викендов. Само што ќе се спомне „според Анкета на ИПИС, ВМРО-ДПМНЕ во огромно водство…“, луѓево прснуваат од смеа“, реагирал Мицкоски, дознава АХА.
Мора да најдеме друго дете. На Божиновски ќе му се заблагодариме за досегашните услуги, ќе му ветиме некое директорско место во локална и ќе му се каже – Друже, тоа е, и сам си свесен дека си потрошена роба, потенцирал Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK