Поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман би можел да го преземе Тотенхем на крајот од сезоната.
Триесет и петгодишниот Германец е фаворит за тренерската позиција на Спарс, која до крајот на мај ќе ја заземе Кристијан Стелини, објавија некои британски медиуми. Нагелсман доби отказ од Баерн Минхен.
Тотенхем на својата официјална веб-страница објави дека е прекината соработката со Антонио Конте.
– Антонио Конте го напушти клубот со заедничка согласност. Му благодариме на Антонио за неговиот придонес и му посакуваме се најдобро во иднина, соопшти премиерлигашот од Лондон.
Кристијан Стелини е назначен за в.д. селектор до крајот на сезоната. Рајан Мејсон ќе му биде помошник.
Претходно беше објавено дека Италијанецот би можел да го напушти англискиот клуб по критиките кон играчите на тимот. Конте е на чело на Тотенхем од ноември 2021 година.
Тотенхем е четврти во Премиер лигата со 49 бодови.