fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Панел дискусија: „Дискриминација сокриена во екранот- еднаква плата и вознемирување на жени од ИТ сектор“

March 27, 2023 16:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на кампањата „Гласна и храбра“ се одржа панел дискусија насловена „Дискриминација сокриена во екранот- еднаква плата и вознемирување на жени од ИТ сектор“.

На оваа тема, зборуваа деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерскo инженерство, проф. д-р Боро Јакимовски, комуникологот Бојан Кордалов и Деспина Жупан, сопственичка на маркетинг компанија. Младите студенти и вработени во ИТ секторот, имаа можност да ја следат панел дискусијата и онлајн на социјалните мрежи. Панелот го водеше Наташа Димеска, шефицата на Кабинетот на МТСП.

На прв поглед, изгледа дека вработените во ИТ секторот се привилегирани, но реалноста е дека како и останатите вработени во други дејности и тие не се поштедени од дискриминација, од насилство во овој случај т.н сајбер насилство, социјална исклученост како дел од негативностите на оваа професија, и сето ова влијае на менталното здравје на овие лица.Сведоци сме и кај нас преку социјалните мрежи колку често се шири говорот на омраза и сексизмот кон жените и девојките. Жените и девојките се цел на навреди а нивните слики и видеа се подложени на понижувачки сексуални дејствија без согласност. Токму затоа наша заедничка обврска е да се бориме против ваквото кршење на човековите права на жените.

„Процентот на запишани девојчиња на прв циклус студии од 20% пред околу 11 години, е во постојан пораст, а денес е околу 35%. Додека на втор циклус на студии овој процент е над 40 %. Бројот на дипломирани девојки е околу 45% во прв циклус на студии. Ова докажува дека Факултетот на пазарот на труд произведува кадар по рамноправна основа. Она што е клучно се вештините и не се гледа на родовата припадност. И во рамки на факултетот има рамноправност во наставниот кадар и не се чувствува родова не еднаквост“, рече проф. д-р Боро Јакимовски.

Бојан Кордалов, комуниколог  истакна дека „недостасува пример кој треба да го даваат политичарите и политичарките, екпертите и експертките, партиите, институциите. Не можеме да сфатиме дека родово сензитивниот говор е нешто што треба да го практикуваме. Но примерот да почне од почеток. Ако сите имаат еднаква шанса добиваме сите, рече Кордалов.

Деспина Жупан, сопственичка на маркетинг компанија го раскажа своето позитивно лично искуство, во секојдневната работа, при што посочи дека не се соочила со дискриминација по основа на род. Таа упати охрабрување до сите млади лица, со акцент на девојките и жените, да започнат свој бизнис, затоа што вештините и знаењето се тие кои се клучни за напредок. Секако, посочи таа дека за успех треба многу труд, кој мора да биде препознаен, а резултатите ќе го потврдат тоа.

 

 

Tags: Гласна и храбрапанел дискусија

НАЈНОВО

Османи: Ќе поддржиме Влада без претставници на ДУИ на денот кога ќе стапат во сила уставните измени

June 10, 2023
Отворена е судска и административна истрага по експлозијата во фабрика за експлозиви во турскиот главен град Анкара, 10 јуни 2023 (Foto: Getty)

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика за експлозиви во Анкара, петмина загинати

June 10, 2023
Жители се собираат пред ресторанот Перл Бич по екстремистичкиот напад извршен од Ал Шабаб на плажата Лидо во Могадишу, Сомалија, 10 јуни 2023 година. (Foto: REUTERS)

Девет лица загинаа во неколкучасовен екстремистички напад врз хотел во Сомалија

June 10, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Битиќи: Мицкоски може да се коцка со сопствената, но не и со македонската иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гир: Доколку нема уставни измени, тоа значи дека ќе ја пропуштите шансата, која некои други ќе ја искористат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала: Невидливите ѕидови на поделбите мора да ги урнеме прво кај нас самите, во нашите глави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќе смогне ли сили Мицкоски да се надмине себеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднаа цените на бензините

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk