Новинарот и аналитичар, Ерол Шаќири во објава на Фејсбук ја коментира последната анкета на ИПИС „пазете сега: ДПМНЕ има поголем рејтинг од СДСМ, ДУИ и Алијанса заедно. Влајко, и од тебе да е премногу е, смешно е!“, вели Шаќири.
„Сериозна е работава со најавите за единствен „европски блок“, еве денес и анкета е објавена, од ИПИС секако, каде за прв пат во мерењето СДСМ и ДУИ се ставени зaедно и според која, пазете сега: ДПМНЕ има поголем рејтинг од СДСМ, ДУИ и Алијанса заедно.
Влајко, и од тебе да е премногу е, смешно е! Сериозни времиња бараат сериозни анализи.
Една друга анкета од истиот тој ИПИС од Јули минатата година, ДПМНЕ 22.1%, СДСМ 15.7%, ДУИ 7.5%, Алијанса 4.1%, тотал 22.1% спрема 27.3%, за само 7-8 месеци СДСМ, ДУИ и Алијанса заедно изгубиле 8 процентни поени, според ИПИС се разбира. ДПМНЕ сега има 21.7%, СДСМ и ДУИ 16.7% (заедно) и Алијанса 2.7%, тотал 19.4%.
На изборите 2020 ДПМНЕ освои 315,000 гласови, СДСМ 327,000 без 10 илјади на БЕСА 317,000, ДУИ 105,000, Алијанса 82,000, тотал значи 504,000 гласови. Сега ИПИС предвидува победа на ДПМНЕ со над 50 илјади гласови наспроти овој потенцијален блок, што значи овие три партии (СДСМ, ДУИ, Алијанса) изгубиле повеќе од 230,000 гласови во однос на ДПМНЕ, импресивно.
Најверојатно Павле Трајанов ја прави разликата“, пишува Шаќири.
Ј. Ѓ.