ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Три години во НАТО, Преспанскиот договор дава резултати – Македонија се интегрира, расте и економијата

March 27, 2023 11:04
in PMD, ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На 27 март 2020-тата година Северна Македонија стана триесеттата земја членка на НАТО. Определбата за евро-атлантско интегрирање на земјава датира уште од 1993 година, кога Собранието усвои Резолуција, во која се дефинирани надворешно политичките приоритети на земјата, а тоа се членството во Алијансата и во Европската унија.

Македонија беше на чекор за влез во НАТО уште на самитот во Букурешт во 2008 година, но поканата доби вето од Грција поради спорот за името, а по усвојувањето на Договорот од Преспа во 2018 година и промената на уставното име во Република Северна Македонија, земјата стана 30-та членка на Алијансата. Токму Преспанскиот договор со Грција ги отвори вратите за членство, иако дел од домашната јавност беше скептична за последиците, па на барање на опозицијата се организираше и референдум.

Во март 2019-тата година тогашниот премиер Зоран Заев, осврнувајќи се на придобивките од Преспанскиот договор изјави:

„По два месеца од постигнатиот Договор во Преспа има само позитивни ефекти. Двојно се зголемени странските инвестиции за само една година, има раст на бруто домашниот производ, од минусното салдо што беше затекнато, сега имаме намалување на невработеноста, раст на платите. Евроатлантската иднина на Република Северна Македонија значи стабилност и безбедност за нашата држава и за регионот, но и економски развој“, изјави тогаш Заев.

Сега, три години од зачленувањето во Алијансата, индикаторите продолжуваат да се зајакнуваат во полза на граѓаните и државата. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за 24инфо истакна дека  според официјалните бројки на Народна Банка земјата ја завршила 2022 година со историски рекордна вредност на странски директни инвестиции во износ од 753,8 милиони евра.

Стапката на невработеност продолжи да се намалува и покрај фактот што Северна Македонија се наоѓа во економско-енергетска криза. Во последниот квартал од минатата година невработеноста е намалена. Од 802.280 лица во државата колку што се на возраст да бидат вклучени во работен процес според закон, вработени се 690.053. Невработени се 112.227 граѓани, а стапката на невработеност изнесува 14 отсто.

Во меѓувреме, новите методологии за утврдување на минималната плата и пензиите резултираа со раст на примањата на граѓаните за месец март. Постојано расте и просечната плата. Преку економско-социјалниот дијалог беше утврдена методологијата за утврдување минимална плата, која од овој месец ќе изнесува 20.175 денари. Од друга страна, според последните податоци од Заводот за статистика просечната плата порасна на 34,364 денари.

Покрај економски, придобивки и на политичко-одбранбен план

Во меѓувреме, освен економските придобивки, зачленувањето во НАТО силно се чувствува и во одбранбен аспект. Министерката за одбрана Славјанка Петровска во гостувањето во „360 степени“ кажа дека интензивно се работи на планот за модернизација на Армијата. Според министерката во стратешкиот одбранбен преглед, кога се правени плановите за трансформација на нашата Армија е утврдено дека согласно нашите цели на способности и НАТО цели на способности борбената компонента во делот на хеликоптерската единица нема веќе да биде дел во функција, а ќе се набавуваат транспортни хеликоптери кои првенствено ќе имаат задача да ги извршуваат потребите на Армијата, меѓутоа ќе бидат оспособени да извршуваат и други задачи од интерес на граѓаните. Петровска истакна дека ќе се набавуваат осум хеликоптери, а воедно противвоздушниот ракетен систем кој се набавува од Франција е дел од начинот на кој се гарантира безбедноста и е дел од планот за модернизација. Таа исто така нагласи дека само за помалку од една година САД и одобриле на земјава користење на финансиски средства во износ од 139 милиони долари кои ќе бидат наменети за модернизација на Армијата.

Трета година откако Северна Македонија е значаен член на одбранбениот сојуз, а веќе претседава и со најголемата организација за мир и безбедност ОБСЕ. Земјава оваа година претседава и со Јадранската повелба, а започна и Стратешки дијалог со САД. Сега Охрид е домаќин на разговори за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. И покрај скептиците на Преспанскиот договор, од безбедносно-политички аспект за придобивките доволно говорат пораките на партнерите и меѓународната заедница. Последно од Скопје германската шефица на дипломатијата Аналена Бербок истакна дека Северна Македонија од корисник на сигурност, сега испорачува сигурност во регионот. Таа додаде дека компромисите вредат и повика на усвојување и на уставните измени за непречено да продолжи преговарачкиот процес за членство во Унијата. Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија се дел и од преговарачката рамка на земјава и пример за добрососедство кое е еден од главните критериуми при зачленување во Унијата.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: НАТОпридобивкитри години

НАЈНОВО

Калас со порака од Белград: Србија мора да ја докаже својата стратешка цел

May 22, 2025
Фотомонтажа: РИБАРО

Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

May 22, 2025

Вучиќ телефонски разговараше со Зеленски за билатералната соработка и европскиот пат на Србија и Украина

May 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕСА подготвува мисија за блиската средба со астероидот Апофис во 2029

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Толку од самостојноста на претседателката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Во мегаоперација на СПАК и италијанската анти-мафија уапсени 52 лица; Бериша се жали во САД за поразот на изборите; Албанија го отвора третото поглавје; И по 19 обид не успеа конституирањето на косовското собрание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари се поблиску до ДУИ, но и до СДСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk