ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Влезот во НАТО значи, да, ние припаѓаме вредносно, политички и во секоја друга смисла на Запад!

March 28, 2023 13:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Вчера се одбележа три години од нашата НАТО интеграција која беше изгласана со 118 гласа „За“ во Македонското Собрание. Единствено партијата на Левица гласаше против. Што значи дека после решавањето на договорот од Преспа, добиваме полнопарвно членство во НАТО Алијансата, но тоа сега не е тема на денешната колумна.

Денес ќе се осврнам на тоа што всушност за нас претставува НАТО.

Пред сè, НАТО е трансатлантска организација, a тоа, пак, што во неа членуваат САД и Канада е сигнификантен предзнак за еден важен „Game changer“, споредувајќи се со Европската Унија поради својот основачки акт, а богами и причините за нејзиното основање се прилично различни. Од наша перспектива, ние може да зборуваме за НАТО, затоа што најголем број земји што членуваат во Европската Унија, што е факт, се членки и на НАТО, а оние што не се членки на НАТО, сè повеќе отвораат дебати, пред сè во Финска и во Шведска, за потребата да се формализира нивното членство во НАТО, а тоа не е само високиот степен на соработка и интегрираност поради Руската војна во Украина, туку затоа што вие добивате заемна одбрана: тој што е нападнат, тоа е напад на сите.

НАТО, од друга страна, покрива мал дел на одбрана и безбедност, а Европската Унија, покрај другите работи, се занимава и со трговија. Еден од главните митови кај нас е тоа што сакаат да ја претстават Европската Унија како некаков „среден пат“, како да се обидуваат вештачки да ја одвојат Европската Унија од НАТО. Само за потсетување: најголемиот број на НАТО се и членки на Европската Унија. ЕУ и НАТО имаат идентични цели. И уште едно потсетување: НАТО не им воведе санкции на Русите, туку Европската Унија и САД им воведоа санкции на Русите. Вклучувајќи ги земјите како Малта и Кипар. Значи во тој поглед, не би правел никаква разлика помеѓу Европската Унија и НАТО.

Нашиот менталитетски проблем кон НАТО е еден вид „ментална решетка“ која го раѓа прашањето што е тоа НАТО, а што е тоа Европска Унија. Од друга страна, многу е важно што нашата земја ги отвори и преговорите со ЕУ, а веќе денес е интегрирана земја во НАТО, што ни говори јасно дека Владата знае за кои вредности се залага како држава и народ.

Прво, влеговме во НАТО, а во тој случај видовме дека сите маски паднаа; и второ, кога државата членка ќе влезе во некој воен конфликт, тогаш јасно ќе се види кој е со вас во тој оружен конфликт, кој е со вас во тоа друштво, дали со вас се развиените и богати демократии, оние либералните, со сите свои мани, или вие се определувате за некое поинакво и авторитарно друштво.

Во таа смисла, членството во НАТО е, пред сè, јасната вредносна одредница: да, ние припаѓаме вредносно, политички и во секоја друга смисла на Западот.

Од друга страна, не е работа на официјалните лица на НАТО да им кажуваат на земјите што треба, а што не треба да прават. Тие цело време употребуваат еден слоган, што всушност и не е слоган, туку е вистина: не е нивна работа да ѝ кажуваат на Северна Македонија како треба да ја води својата политика. Единствено предлагаат што може одредена земја да добие поради добрата соработка со НАТО, затоа што имаат многу добри работи кои ги водат: не се тоа само воени вежби, туку имаат програми за управување со цивилно-вонредни ситуации. Вие сега, го сакале тоа или не, поради својот историски товар што го носи со себе, за граѓаните во Северна Македонија, зачленувањето во НАТО ќе биде од голема корист. Едноставно се работи дури и за прагматични операции, но, сепак, надворешната и безбедносната политика ја одредува Владата на Димитар Ковачевски.

Имено, НАТО-програмите не се само воени, НАТО-програмите се и цивилни. На пример, програмите од цивилната сфера што ја придвижуваат „науката за мир и безбедност“. Таа им овозможува на младите истражувачи, асистенти и професори од универзитетите да бидат вклучени во некои меѓународни проекти, на кои никогаш не би учествувале ако не се програмите на НАТО.

Другата област е „соработка во вонредни ситуации“. Елементарните непогоди не можат да се ограничат на еден географски простор, и во таа смисла соработката со нашата држава е многу значајна. Борбата со тероризмот е една универзална тема и активност во која денес сите земји членки се поврзани меѓу себе.

Кај нас, сè уште има политички сили што се против НАТО, тоа е факт, ама, исто така, најголема одговорност е на власта да поведе дебата што, всушност, претставува НАТО и што вистински ќе значи за нашата држава зачленувањето во НАТО.

На крајот сакам да потенцирам многу јасно: важно е што владата на Ковачевски не игра на „два огна“, важно е што не игра „политика помеѓу“, што значи дека не ги инструментализира стратешките цели на државата и нацијата и јасно и без калкулирање влегува во сите стратешки заедништва со Западот.

Оттука, со право, заклучувам дека ние, по сите премрежја, навистина друг пат освен ЕУ и НАТО немаме. Ниту може да си дозволиме друг луксуз за некој друг пат.

Ако мене ме прашате, јас секогаш ќе бидам за Европа и НАТО (како неодвоен дел едно од друго), оти местото на мојата земја мора да ѝ биде помеѓу развиените демократии.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУинтеграцијаНАТОНЕНАД ЈОВАНОВИЌ

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ја разобличува авторитарната страна на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk