ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Доколку Српска листа не учествува на изборите, повторно барикади; Западот да изврши притисок врз Србија за признавање на Косово

March 29, 2023 11:49
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Откако Српската листа не се регистрираше за учество на локалните избори на северот на Косово, директорот на Форумот за односи меѓу заедниците во Белград, Душан Јањиќ предвидува дека повторно ќе бидат поставени барикади. Косовскиот премиер Албин Курти бара од меѓународната заедница да вложат повеќе напори за притисок врз официјален Белград за признавање на Косово.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од денешните содржини во албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Инсајдери: Јањиќ предвидува повторно барикади на северот доколку Српска листа  не учествува на изборите на 23 април

„Доколку изборите во четирите северни општини населени со српско мнозинство се одржат на 23 април без учество на Српската листа, „реално е да се очекува реконструкција на барикадите“, смета директорот на Форумот за односи меѓу заедниците во Белград, Душан Јањиќ,“,  пишува Инсајдери.

Газета Експрес – Признавањето на Косово од Србија, Курти: Неопходно е да се зголеми притисокот од Западот, тоа може да донесе резултати

„Премиерот Албин Курти вели дека дополнителен притисок од Запад може да донесе резултати во прашањето за признавање на Косово од Србија.

На прашањето дали Западот врши доволен притисок врз Белград да го признае Косово, Курти рече дека е неопходно да се вложат повеќе меѓународни напори во оваа насока, пишува Газета експрес.

РТК: Продолжува судскиот процес против Пјетер Шала

Во Специјализираниот суд  денеска трет ден по ред ќе продолжи судскиот процес против Пјетер Шала, познат како Командант „Ујку“ (Волк), со сослушување на сведоците на обвинителството.

Судскиот процес против Шала започна на 21 февруари 2023 година, каде што тој се изјасни за невин, додека Обвинителството и одбраната на жртвите ги дадоа воведните зборови.

Во својот исказ пред поротата, Пјетер Шала, обвинет за воени злосторства, изјави дека се борел против воено полициската машина на криминалниот режим на Слободан Милошевиќ, но никогаш против цивилите, пренесува РТК.

АЛБАНИЈА

Епока е ре – Поранешната обвинителка Имерај за нападот на Топ Чанел,  : Нападот беше добро организиран, не се размислувале за последиците

„Поранешната обвинителка Елисабета Имерај го нарече нападот на просториите на Топ Чанел акт на организиран криминал.

Имерај рече дека имајќи ги предвид околностите на настанот и многу други елементи, дејствијата биле добро организирани и дека сторителите воопшто не размислувале за последиците. „Судејќи според околностите во кои се случил настанот, начинот на организирање, користеното возило, рутата на движење, испуканите куршуми и инволвираните лица во него, ние сме во рамка на вистинска организација. Дејства што може да ги направи само организираниот криминал. Добро е организирано со детали.“, пренесе Епока е ре.

Визион плус: Скандалот со објавувањето на платите/ Судот ја одреди казната за 4-те службени лица под истрага

„Судот во Тирана ја донесе пресудата за четворицата функционери кои се под истрага поврзани со скандалот со објавувањето на платите на граѓаните, со што сите ги осуди на условна казна.

Судот го осуди Анди Агарај на 4 години условна казна. Тој беше под истрага за две обвиненија, за злоупотреба на службената положба и за корупција, извршена во соработка.

Во меѓувреме, другите 3 функционери, Ени Ќирјако, Клодијан Сота и Ендри Икономи беа осудени на условна казна од 32 месеци.“, пренесе Визион Плус.

КОЛУМНА

Бота сот: Русија во екот на клеветите против Албанците

„Православниот триаголник Белград-Атина-Москва отсекогаш бил центар на гравитација на непријателството против албанската нација. Белград и Атина отсекогаш комбинирале клевети со варварски злосторства од секаков вид врз Албанците. Во меѓувреме, Русија, како многу далечна земја, го користеше занаетот на клеветење, со ревност на болно мозочно суштество и продолжува да го користи до ден-денес.“, извадок од колумната „Русија во екот на клеветите против Албанците“, од авторот Ешреф Имери објавена во Бота Сот.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тричковски стави крај на својата играчка кариера

May 14, 2025

Петровска: Заминувањето на Таравари го покажува дефектот во владината коалиција

May 14, 2025

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на повторно постапување

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk