ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Ги означуваме последните чекори на кампањата „Гласна и храбра”

March 29, 2023 11:51
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска го започна денот со посета на „Преплет” женско претприемништво, продавница за подароци формирано од успешни жени и веќе функционира 10 години. Министерката беше пречекана од страна на сопственичките на „Преплет”, графичките дизајнерки, Викторија Лаговска Хајредин и Магдалена Аврамовска архитектката Емилија Ланговска и нивните две вработени Фросина Крстевска и Сандра Костовска. Во рамки на кампањата „Гласна и храбра” министерството за труд и социјална политика остави трага на местата каде што се одржаа настаните за економско зајакнување и ментално здравје со семиња од цвеќе. „Преплет” ги дизајнираше производите кои беа дел од кампањата,а имаа за цел да ја пренесат пораката на „Гласна и храбра”.

За време на посетата на продажното место и работилницата на „Преплет” беше разговарано за инспирацијата за работа, историјата на нивниот бизнис и нивната мрежа на купувачи. Овој бизнис претставува и пример за инклузија. Во изминатите години поддржани од мерките на Фондот за иновации и технолошки развој имаат дизјанирано маици испишани на Брајово писмо. Сопственичките ја известија министерката за уште една нивна иновација – Подароматот кој може да им овозможи на купувачите да купат од нивните производи во било кое време од денот.

„Вие сте пример за тоа дека со ентузијазам, упорност и решителност може да се успее! Токму како пораката на семето, порака за успех” посочи Тренчевска за време на посетата.

Министерката ја поздрави нивната иницијатива и се заблагодари за нивниот труд што ја одбележа кампањата „Гласна и храбра” со што се остави трага и се даде вистинската нота и насока.

Tags: МТСПТренчевска
Next Post

Ковачевски: Мора да покажеме единство, за доброто на државата и за доброто на граѓаните во оваа криза

Shortcut

Најново

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk