Во рамките на програмата на ППФМ и селекторот за развој и подобрување на квалитетот на младите репрезентации, се реализираше проектот тренинг камп во Саарбриќен, Германија, еден од најдобрите светски тренинг центри, во период од 14-18 март 2023 год. на кој учествуваа 4 репрезентативки : Моника Стајковска У13, Матеја Смолиќ У13, Фани Јованоска У15 и Софија Хасану У17.
Тренинзите ги водеше Јоже Урх, еден од најголемите светски тренери заедно со селекторот Сашко Богатинов и голем број професионални спаринг партнери.
Нашите репрезентативки тренираа 2 пати дневно по 3 часа. Воедно ги следеа и тренинзите на големи професионални играчи ( Патрик Франциска, Матео Мути, Петер Хрибар, Редзимски, Полански, Фадеев, кинези, јапонци и многу други)
– Нашите репрезентативки имаа можност да следат и професионален натпревар од втора бундес пинг-понг лига.
-Репрезентативките и селекторот беа придружувани од претседателот на ППФМ Горан Тиловски кој оствари средби со челниците на Tibhar со што се зацврсти меѓусебната соработката.