ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Дежурните мразачи на ЦИВИЛ; пет случаи

March 30, 2023 13:55
in PMD, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Којзнае колку (ќе) им е досаден животот на дел од „редовните пациенти“ кои се будат и легнуваат со содржините на ЦИВИЛ. Подолг период одредена група дежурни мразачи, не оставаат ниту една содржина која се објавува на Фејсбук профилот на ЦИВИЛ, без негативен коментар. Посебна слабост им се Путин и Русија, но не ги оставаат ни сите останати содржини, линкови и објави без коментар. Бидејќи, за да ги дискредитираат содржините за кои имаат задача, мораат во целост да ja дискредитираат организацијата и нејзината медиумска платформа. Инаку, успехот би бил само делумен или сосема би изостанал.

Прв случај: Стерјо Шапка Пушевски

Активен и силен поддржувач на ликот и делото на Путин. Само по една рубља да добива(л) за секој коментар, за ширењето руската пропаганда и оправдување на руската воена агресија, злосторствата, силувањето… денес тој ќе беше милионер. Навидум, изгледа како да е само „загрижен“ онлајн нервчик, но не е исклучено оваа „дејност“ да му е извор и на финансии. Тој, едноставно, целиот свој онлајн имиџ го подредува на ЦИВИЛ.

Втор случај: Радован В. Маљковиќ

На неговиот Фејсбук профил нема никакви податоци што работи, што му е хоби, омилен спорт, политичка партија… Едноставно, ниту Гугл не го препознава. На Маљковиќ му смета сè што е про-НАТО и проевропска агенда. Посебно е насочен против ЦИВИЛ, но се појавува со коментари и на објавите на низа други профили со прогресивна ориентација.

Трет случај: Петар Веселинов

Уште еден од редовните мразачи на ЦИВИЛ. На неговата Фејсбук страна пишува дека живее во Мелбурн, Австралија. Негова „специјалност“ е да пишува било што против ЦИВИЛ без разлика за која тема се работи. Битно е само ЦИВИЛ да се прикаже во негативно светло.

Четврт случај: Шенол Мемиш

Уште еден мразач на ЦИВИЛ од Битола. Се претставува како музичар, новинар, борец за правда и она што исклучително го истакнува е дека е симпатизер и член на ВМРО-ДПМНЕ. Па не е ни чудно што ги следи стапките на неговиот лидер Мицкоски за да ја дискредитира организацијата ЦИВИЛ и да има омраза кон Дерала.

Петти случај: Владимир Милетиќ

Експерт за сè, но, никогаш нема свој став за одредена тема. Текст објавен на Фејсбук страната на ЦИВИЛ може да биде за политика, за човекови права, за дезинформации, за војната и злосторствата на руските агресори во Украина…, небитно, „аналитичарот“ Милетиќ не коментира за содржината на текстот, туку битно е да напише колку ЦИВИЛ се „непрофесилонални“, „небитни“, дека „никој не ги чита“…, а тој самиот стражари 24/7 на профилот на ЦИВИЛ.

Заедничко за сите мразачи е дека се „Фејсбук воени аналитичари“ и релативизатори на руските воени злосторства во Украина. Исто така се и анти-НАТО и анти-ЕУ пропагандисти. ЦИВИЛ го мразат, така да се рече, „гратис“.

Посебно интересен е фактот што овие „обожаватели“ на ЦИВИЛ не се ни трудат да покажат дека ги читаат содржините објавени и споделени на социјалните мрежи. Тие автоматски, веднаш, некогаш и само неколку секунди по објавата на социјалните мрежи, се појавуваат со негативни коментари, навреди и потсмев. Најчеста мета, без оглед на тоа дали е автор на содржината што се објавува или не, е токму Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ спроведува континуиран мониторинг и анализи на ширењето на дезинформациите и пропагандата во јавната комуникација, а особено во интернет медиумите и социјалните мрежи. Во последно време се бележи менување на пристапот и вокабуларот на онлајн пропагандистите. Тие помалку користат директни навреди и закани со насилство, но уште поинтензивно се присутни со коментари чија основна цел е да се подбиваат и да ги дискредитираат луѓето, институциите и организациите. Тоа се должи на построгите политики на самиот Фејсбук, но и на јавниот притисок.

Како и да е, „аналитичарите“ како што се Пушевски, Веселинов, Маљковиќ, Мемиш, Милетиќ и другите, ќе треба во иднина да си бараат други „работни ангажмани“ и да висат на други Фејсбук профили за да си го „заработат лебот“, без разлика кои се нивните работодавци. Според правилата на модерација на социјалните профили на ЦИВИЛ, тие одамна требаше да бидат блокирани. Се разбира, тоа нема многу да помогне, бидејќи тие се присутни и во други онлајн форуми, каде што ревносно ги извршуваат своите пропагандистички задачи.

Преземено од ЦИВИЛ Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: социјални мрежиЦИВИЛ

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk