„Христијан Мицкоски, без идеја, предлог и решение, делува како анти-НАТО и анти-ЕУ политичар. Лицемерно Мицкоски, декларативно се залага за членство на државата во ЕУ, а во пракса ВМРО-ДПМНЕ не поддржа ниту една одлука за евроинтеграциите и прави се за да ја загрози европската европската иднина“, соопштија утрово од СДСМ.
„Мицкоски организираше насилни протести против европскиот предлог, ширеше хистерија за наводна бугаризација и асимилација.
Од ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор во кој нашиот јазик стои заедно со сите 24 јазици на ЕУ потпишан од сите земји членки на ЕУ и од Северна Македонија.
Мицкоски е заложник на популистичката реторика на Левица и Димитар Апасиев, со кого се натпреварува во блокади и деструкции за попречување на европската иднина на државата.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е коалиција за враќање назад. Нивната единствена цел е да го попречат европскиот пат на земјата“.