ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Една третина од одбранбениот буџет од рекордни 275 милиони евра е наменет за модернизација на Армијата

March 31, 2023 15:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Една третина од одбранбениот буџет кој годинава изнесува рекордни 275 милиони евра е наменет за модернизација на Армијата, информира денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Министерката откако претходно одржа брифинг со новинарите на кој детално го претстави проектот, одржа прес – конференција во касарната „Илинден“ во Скопје на која соопшти дека министерството набавува оклопни возила од типот „JLTV Oshkosh,“. Појасни дека дел се веќе пристигнати, дел ќе пристигнуваат во повеќе наврати, како и набавка на оклопни транспортери Stryker и француски систем за против воздушна одбрана за мали височини MISTRAL 3.

Додаде дека е потпишан и договорот за набавка на артилериски системи од сојузничка Турција. Два транспортни хеликоптери на Армијата МИ-8 кои се се во фаза на ремонтирање во соработка со Чешка.

-Модернизацијата за која детално бевте информирани и од началникот од ГШ, и од директорот на ГШ, опфаќа неколку повеќе годишни проекти кои целосно го менуваат ликот на Армијата. Велиме дека Армијата е во НАТО, меѓутоа и НАТО со своите стандарди, најмодерна и најсофистицирана опрема влегува во Армијата. Како што информирав и на брифингот, во пред завршна фаза сме на анализа за набавка на осум повеќенаменски хеликоптери за што се пристигнати пет понуди од различни земји, посочи Петровска.

Истакна дека набавките ќе бидат согласно принципот договор на влада со влада, како гаранција дека договорите ќе се ослободени од сомнеж по било кој сонов вклучително и сомнежот за корупција.

Петровска смета дека во Армијата нема место за опрема која е произведена во 1984 година и која со години стои само како бројка, а како што посочи таа всушност е со истечен ресурс, бидејќи Армијата е во фаза на модернизација и опремување со најсофистицирано оружје.

Одговорајќи на новинарско прашање дали со ребалансот на буџетот постои ризик одредени проекти да бидат загрозени, министерката посочи дека на никаков начин нема да може да се направат отстапки за она што е започнато како проект, особено кога се работи за гарантирањето на безбедноста на државата.

Кога станува збор за задржување на кадрите, таа увери дека Министерството се залага за креирање услови за Армијата.

-За да имаме целосна одбрана и функционална армија два аспекта се важни модернозацијата која ја зборувавме но и вложувањето во човечкиот капитал, тоа треба да оди едно со друго. Минатата година ги донесовме измените на Закон за служба во Армијата со кој навистина предвидовме голем број, јас не би ги нарекла привилегии, но подобрување на условите и издигнување на едно повисоко ниво на припадниците на Армијата. Во рамки на тој закон предвидена е и можноста за утврдување на критични спрецијалности. Тоа се професии кои се во недостаток во армијата или определени работни места за кои по предлог на Генералштабот министерството носи одлука за утврдувањље на соодветни дополнителни надоместоци и на плати, но и на други услови во смисла на обуки и тренинзи со кои обезбедуваме поволна почва за задржување на кадарот, изјави министерката.

Додаде дека воедно министерството истото го планира и со новиот закон за вработени во министерството кој е во финална фаза.

Tags: армијаБуџетодбранаПетровска
Next Post

Саити: Одлуките на Уставен суд мора да се почитуваат

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk