Амбасадорката на Украина во нашата земја Лариса Дир денеска на својот твитер-налог изрази благодарност за учеството на министерот за надворешни работи Бујар Османи на Бучанскиот самит во врска со одговорноста на Русија за злосторствата во Украина и поддршката на Декларацијата за одговорност за најтешките злосторства според меѓународното право извршени на територијата на Украина, јави ЦивилМедиа.
Високо го цениме учеството на @Bujar_O на Бучанскиот самит во врска со одговорноста на русија за злосторствата во Украина и поддршката на Декларацијата за одговорност за најтешките злосторства според меѓународното право извршени на територијата на Украина- https://t.co/4Mz53Rdrjd pic.twitter.com/jq2v94CXEE
— Larysa Dir (@dir_larysa) April 1, 2023
По повод годишнината од ослободувањето на украинскиот град Буча, претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи преку видео врска се обрати на Бучанскиот самит кој се одржа вчера во Кијив.
Самитот беше свикан со цел да се потсети на злосторствата извршени во Украина, а посебно масакрот во кијивската област Буча кога повеќе од 460 лица беа убиени од страна на руските воени сили.
Одговорноста мора да надвладее. Не може да има неказнивост за воените злосторства, меѓународната заедница не може да остане нема и да дозволи сторителите да останат неказнети. Затоа, мора да се дејствува решително. Прекршувањето на меѓународното хуманитарно право мора да се реши, потенцираше Османи во своето обраќање.
Yesterday we marked 1 year since ?? defenders expelled the ?? occupiers from the city of #Bucha, where over 460 people were killed. This massacre is stark reminder that peace & human dignity are not for granted. Part of my speech as @OSCECiO at the Bucha Summit. #ItsAboutPeople pic.twitter.com/sL9jojbVyx
— Bujar Osmani (@Bujar_O) April 1, 2023
Османи се осврна и на Московскиот механизам на ОБСЕ како прв меѓународен извештај кој даде јасни индикации за извршените злосторства во Буча и други места во Украина, потсетувајќи дека постојат бројни извештаи и од други меѓународни организации, вклучително и Обединетите нации. Во својство на Претседавач со ОБСЕ, тој потсети и дека воената агресија на Руската Федерација против Украина е очигледно кршење на меѓународното право, на принципите на Повелбата на ОН и на принципите на ОБСЕ.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера преку објава на Телеграм потсети на злосторствата извршени од Русите во Буча, регионот Кијив, кој беше под нивна окупација 33 дена, нагласувајќи дека „Буча е симбол на руските ѕверства“.
Зеленски, заедно со повеќе шефовите на странски држави и влади им оддаде почит на жителите на Буча убиени од руските агресори за време на привремената окупација на овој град. Церемонијата се одржа во близина на црквата на Светиот апостол Андреј Првоповиканиот и Сите Светци во Буча. Присутните поставија кандила со икони на меморијалниот крст на гробницата на цивилите во Буча убиени од руските агресори.
Г. Т.