ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Поголеми плати за полицијата, намален криминалитетот, 48 отсто од раководните позиции во МВР доверени на жени

April 1, 2023 13:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Foto: Wikimedia Commons

Foto: Wikimedia Commons

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, на својот фејсбук профил, го сумираше сработеното во март годинава.

Тој, меѓу другото, потсетува дека се зголемени платите на полицијата, дека е намален криминалитетот во првите два месеца од 2023 година во споредба со истиот период лани, како и дека 48 отсто од раководните позиции во организациските единици на МВР се доверени на жени.

Почеток на нов месец секогаш претставува добра можност да се потсетиме за досега сработеното. МВР за граѓаните: Транспарентно и отчетно – март 2023. Задоволна полиција – безбедни граѓани, покачување на платите за 3 086 денари бруто износ, посета на Чаир – безбедноста не е ниту една институција, безбедноста не е ниту еден човек, безбедноста сме сите ние, прва седница на Собрание посветена на унапредување на родовата еднаквост на која одбележуваме и 20 години од формирањето на Клубот на пратенички, Форум на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција, Конференција во организација на Министерството за труд и социјална политика во рамки на караванот за родова еднаквост на тема „Униформа, оклоп кој значи ранливост – нашата секојдневна борба на два фронта, Оперативна активност „Безбеден град”, прв Отворен ден на МВР со студентите од Факултетот за безбедност, одбележан Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица „ТИГАР“, остварена заштеда од 593 588 киловат часови електрична енергија на ниво на МВР во првите два месеца, наведува Спасовски.

Потпишан е, дополнува министерот, Меморандум помеѓу владите на Република Северна Македонија и Република Србија за полесен проток на лица и стоки, потпишан е Протокол за соработка меѓу Јавно обвинителство на Република Северна Македонија и МВР, како и Меморандум помеѓу МВР и Државниот инспекторат за труд за меѓуинституционална соработка во откривањето на кривичните дела поврзани со трговија со луѓе и трудова експлоатација и упатување на потенцијалните жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

Спасовски во фејсбук објавата се осврнува и на останатите активности реализирани минатиот месец.

Tags: МВРнамален криминалплатиСпасовскисработено
Next Post
Состанокот на Советот за безбедност на ОН / Фото: ЕПА/МИА

Дмитро Кулеба: Руското претседавање е „најлошата првоаприлска шега досега“

НАЈНОВО

Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025

Нова цена на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk