fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Дмитро Кулеба: Руското претседавање е „најлошата првоаприлска шега досега“

April 1, 2023 13:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Состанокот на Советот за безбедност на ОН / Фото EPA-EFE/JASON SZENES

Состанокот на Советот за безбедност на ОН / Фото EPA-EFE/JASON SZENES

Share on FacebookShare on Twitter

Русија го презеде претседавањето со Советот за безбедност на ОН и покрај апелот на Украина до членките да го блокираат руското преземање, пишува денеска Би Би Си. Секоја од 15-те членки на Советот за безбедност на ОН го презема претседавањето на еден месец на ротирачка основа. Кога Русија последен пат претседаваше со Советот за безбедност, во февруари 2022 година, започна инвазијата врз Украина.

Тоа значи дека Советот за безбедност е предводен од земја, за чиј претседател е распишана меѓународна потерница за извршени воени злосторства. Меѓународниот кривичен суд, кој не е институција на ОН, минатиот месец издаде налог за апсење на Владимир Путин. И покрај приговорите на Украина, САД порачаа дека нема да ја блокираат Русија, постојана членка на Советот за безбедност, да го преземе претседателството.

Постојани членки на Советот за безбедност се САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија. Функцијата е главно процедурална, но рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, изјави дека планира да одржи неколку дискусии, вклучително и една за контрола на оружјето. Тој истакна дека ќе се разговара за „новиот светски поредок“ што ќе го „замени униполарниот“, објави Би Би Си.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба оцени дека руското претседавање е „најлошата првоаприлска шега досега“ и „силен потсетник дека нешто не е во ред со начинот на кој функционира меѓународната безбедносна архитектура“.

Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак рече дека ова е „уште едно силување на меѓународното право… Ентитет кој води агресивна војна, ги крши нормите на хуманитарното и меѓународното право, ги уништува повелбите на ОН, ја негира нуклеарната безбедност, не може да го предводи клучното светско безбедносно тело“.

Претседателот Володимир Зеленски минатата година изјави дека Советот за безбедност треба да се реформира или распушти, обвинувајќи го телото дека не презема доволно чекори за спречување на руската инвазија. Тој повика и на исфрлање на Русија од Советот за безбедност.

Г. Т.

Tags: незадоволствопретседавањеРусијаСБ на ОНУкраина

НАЈНОВО

Агелер: Тешките одлуки да се донесат до крајот на годината

May 28, 2023
Гласачките места во Турција се затворени денеска во 17 часот по локално време (16:00 часот по средноевропско време), со што заврши гласањето за вториот круг од претседателските избори во оваа земја, јавува Анадолија./Фото:ЕПА

Затворени избирачките места во вториот круг од претседателските избори во Турција

May 28, 2023
Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид./Фото: МИА

Актуелните и идните предизвици на Северна Македонија во фокусот на обраќањето на Пендаровски на Школата за политика

May 28, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    По „историската“ средба со Орбан, Мицкоски во официјална посета на својот татко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова белгиска инвестиција доаѓа во Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Борисов и Петков се договорија: Денков па Марија Габриел „ротирачки премиери“ во новата влада на Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Американците да им кажеш fuck off од чиста суета, треба да си глуп или некој од надвор дебело да те спонзорира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk