Никој нема да биде оставен сам, продолжува нашата грижа за најранливите категории на граѓани, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, по прелиминарната електронска распределба на социјална зграда во Гевгелија.
На прелиминарната листа со комплетна документација се најдоа 32 семејства, кои во наредниот период ќе бидат посетени од комисијата, по што ќе биде утврдена конечната листа на семејства кои ќе добијат социјални станови.