ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ до Петрушевска: Да се извинам јас на ВМРО-ДПМНЕ? Вие треба да се извините и како партија и како пратеник

April 3, 2023 15:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот Бојан Маричиќ на седница на Собранието на Република Северна Македонија ги обвини пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека изнесуваат многу паушални оценки, дека во споредба со 2016 година ситуацијата е многу променета и ја повика опозицијата да се вклучи во решавање на проблемите.

-Прво и основно немало ситуација во која што сум бил повикан од Собранието за точка на дневен ред, а не сум присуствувал. Тоа не е точно, кога и да требало сум бил тука и секој понеделник мојата работа почнува во Собранието. Второ, во однос на оценките мислам дека ако сакате веќе да направиме споредба како било и како е, јас минатиот пат читав делови од Извештајот. Ќе ви повторам сега пак за да се уверите и сами, рече Маричиќ.

Цитираше дел од Извештајот во 2016 година каде се споменува заробена држава и влијанието врз работата на институциите.

-Значи имаме драстична ситуација од тоа што беше тогаш и од тоа што имаме денес, денес немаме вакви оценки, имаме секаде определен напредок и има многу проблеми, меѓутоа спремни сме на нив да работиме и мислам дека опозицијата треба што поскоро да се вклучи во решавањето на овие проблеми наместо само во изнесување на паушални оценки, рече Маричиќ.

Во однос на задолжувањата, има една разлика задолжувањата денеска се користат за ублажување на сите кризи и помош на граѓаните, а во време кога власт беше ВМРО-ДПМНЕ се трошеа за споменици, за непродуктивни трошоци.

Пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата и граѓаните посакуваат ваков Извештај повеќе да не се повтори, како и дека нам ни се потребни реформи.

-Едно сум сигурна дека оваа Влада нема капацитет да спроведе реформи, заради тоа што после една година сите препораки кои беа дадени во извештатите вие како Влада не ги почитувате и не ги спроведувате. Посакувам позитивен извештај. Многу подобар, како тоа што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, да се радуваме како на визна либерализација, на успеси а не на падови. Народот заслужува многу подобар живот, кој што вие не го донесовте, а палевте, уништувавте по државата. Не поместивте ни камче, не заковавте ни шајка, единствено што донесовте е само висок степен на корупција и криминал. Ќе има одговорност за се, ќе си одговарате, рече Петрушевска.

Маричиќ одговори на обвинувњата посочувајќи дека Петрушевска учествувала „во изгубената декада на евроинтеграции на ВМРО-ДПМНЕ“.  

-Да се извинам јас на ВМРО-ДПМНЕ? Вие треба да се извините и како партија и како пратеник затоа што кога отворивме дијалог во ова Собрание вие свиревте со музели, го палевте овде на оваа говорница францускиот предлог, го киневте секој говорник поединечно и не дозволувавте да се развие дискусија. Јас знам дека не ви одговара оваа дебата, ама мора да ја направиме, рече Маричиќ.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ треба да се извини за 11-те изгубени години, за двете замрзнати препораки, што не раздвоија и од Србија и од Црна Гора, и од Хрватска и од сите држави коишто преговараа заедно со нас, а денес се веќе далеку пред нас.

-Далеку се пред нас затоа што вие решивте да градите споменици на безнадежности, споменици како Ќосето што сакате и денес да го вратите на место. Фала богу тоа нема да ви успее затоа што тоа се споменици на вашата изгубена деценија во која што немавте ниту еден успех на полето на евроинтеграциите. Напротив, имавме замрзнати препораки, имавме специјален извештај на Прибе заради заробената држава и имавме политичка криза од која што не можевме две години да излеземе, рече Маричиќ.  

Министрите на ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, ги нарекувале во Брисел „министри за дезинтеграции“, наместо министер за интеграции.

-Треба да признаете дека таа изгубена декада се уште не можеме да ја надоместиме колку и да направиме, рече Маричиќ додавајќи дека наместо вакви празни говори пратениците треба да разговараат како да ги направат реформите подобро. 

Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 91. седница ја заврши расправата за Извештајот за напредокот на земјата за 2022 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бојан МаричиќВМРО-ДПМНЕЕУМарија Петрушевска

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk