Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е потребно поголемо присуство на НАТО трупите во Црното Море.
Солц при посетата на Букурешт изјави дека се надева оти Романија оваа година ќе влезе во шенгенскиот систем на Европската унија, бидејќи таа земја ги исполнила сите критериуми за такво нешто.
Говорејќи заедно со Јоханис, Шолц рече дека двете земји со заеднички напор сакаат да ја поддржат на соседна Молдавија по рускиот напад врз Украина.
Тој го поздрави отворањето на фабриката на германскиот воен производител „Рајнметал“ во Романија.
Бугарија и Романија се надвор од Шенген зоната, поради тоа што некои членки на ЕУ се против, бидејќи сметаат дека во тој случај би се случила илегална имиграција.