ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи од Рим: Потребни се похрабри одлуки од ЕУ кон регионот веднаш

April 3, 2023 14:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потребни се похрабри одлуки од Европската унија кон регионот веднаш, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Рим, на министерскиот состанок за Западен Балкан.

Османи, како што соопшти МНР,  на министерскиот состанок учествуваше на покана од потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани.

Во своето обраќање на првата сесија на министерскиот состанок, насловена „Процесот на европската интеграција на Западниот Балкан: патот напред”, Османи се осврна на неопходноста од поставување јасен и предвидлив пат за идните проширувања со државите од регионот, потенцирајќи дека истото е суштествен безбедносен интерес за Европската Унија.

Истовремено, подвлече дека покрај задржување на крајната цел за членство, потребни се конкретни пропратни мерки за унапредување на демократскиот развој, зголемување на економските можности и заокружување на помирувањето во Западен Балкан.

 –Променетите геостратешки околности бараат промена и прилагодување на пристапот. Иако е точно дека неодамна има зголемен акцент на важноста на проширувањето, за што сме благодарни, сите се согласуваме дека тоа сè уште не е доволно. 20 години по самитот во Солун, на ЕУ итно и е потребна среднорочна визија за нашиот регион внатре во рамките на Унијата, истакна Османи.

На втората сесија „ЕУ-Западен Балкан: зајакнување на нашата соработка”, Османи ја нагласи потребата од намалување на јазот меѓу државите од регионот со државите членки на ЕУ во економска смисла.

 –Ги цениме неодамнешните обиди на Италија да ја подигне свеста за социо-економските предизвици и потреби на регионот на Западен Балкан, како и напорите на Европската комисија во рамките на Економско-инвестицискиот план и пакетот за енергетска поддршка на ЕУ за Западен Балкан. Она што ни треба во блиска иднина се похрабри одлуки кон регионот заради заемен интерес. Регионот оставен во економски пад и статус кво ризикува да стане ранлив дел за самата Унија во овие несигурни времиња на нарушена безбедносна архитектура на европскиот континент, посочи тој.

Министерскиот состанок за Западен Балкан беше отворен од страна на потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани, а со свои излагања, покрај министерот Османи, се обратија и премиерот и актуелен министер за надворешни работи на Црна Гора и министрите за надворешни работи на Албанија, БиХ, Косово, Србија и Шведска, во својство на претседавач со ЕУ. 

Tags: Бујар ОсманиЕУРим
Next Post

Голоб: Верувам дека ќе преовлада разумот кај сите политички субјекти во државата, процесот на евроинтеграција не смее да запре

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk