ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ССК и Prime Blue Institute со поддршка за фирмите за воведување на стандарди за одржливост

April 4, 2023 09:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на стопански комори на Македонија и институтот „Prime Point Partners” потпишаа Договор за стратешка соработка со цел обезбедување на поддршка на реалниот сектор за имплементација на Глобалните целите за одржлив развој на ООН (Sustainable Development Goals – SDGs) и ESG стандардите кои се однесуваат на еколошките, социјалните и управувачките аспекти на корпоративниот менаџмент и раст. Договорот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и претседателот на „Prime Point Partners” Зоран Мартиновски. Со реализација на заеднички мерки и активности ќе се работи на презентирање на предностите за компаниите од воведувањето на практики за добро еколошко, општествено и коорпоративно управување во своето работење, како и можностите за нивно поголемо насочување кон одржливи концепти за раст и развој на бизнисите, со посебен фокус на малите и средните претпријатија.

„Оваа заедничка иницијатива ќе има за цел да ја подигне свеста за важноста на Глобалните цели за одржлив развој на ООН, да ја зајакне културата на одржливост, да ги зајакне капацитетите на компаниите и да го олесни пристапот до зелените фондови за финансирање за малите и средните претпријатија. Тоа ќе вклучува серија настани и обуки поврзани со SDGs и ESG теми, вклучувајќи управување со ризик, правна регулатива, транспарентност, климатски промени, родови прашања, а ќе се насочиме и кон институционално и одржливо зајакнување на капацитетите на Сојузот со цел обезбедување на подобра поддршка за неговите членови”, истакна Ангелоски.

Програмата ќе биде организирана како дел од пошироката ESG иницијатива имплементирана од PrimeBlue ESG Institute, гранката за развој на одржливост на PrimePoint Partners. „Усвојувањето на здрави ESG практики од страна на локалниот приватен сектор ќе биде од суштинско значење за поттикнување на одржливиот долгорочен раст, обезбедување на издржливост на локалниот приватен сектор и имплементација на Глобалните цели за одржлив развој на ОН во Северна Македонија”, рече Зоран Мартиновски, претседател на Prime Point Partners и PrimeBlue ESG.

Глобалните цели за одржлив развој се универзален повик за акција, за ставање крај на сиромаштијата, заштита на планетата и обезбедување на мир и просперитет, а како приоритети се адресираат и климатските промени, економската нееднаквост, иновациите, одржливата потрошувачка, право и правда. Овие цели треба да бидат постигнати до 2030 година и треба да бидат имплементирани од страна на сите земји – членки на ООН. ESG стандардите пак покажуваат колку добро една компанија функционира во однос на нејзините социјални и еколошки одговорности низ нејзиниот синџир на снабдување и операции – наспроти гледањето на поширокиот контекст на човековите права.

Со оваа и други активности Сојузот на стопански комори континуирано ја поддржува националната имплементација на Глобалните цели за одржлив развој. Сојузот исто така презема активности и го следи напредокот кон остварување на овие цели за одржлив развој, обезбедува поддршка за политики, истражувања и асистира во управување со знаењето за целите.

Tags: Prime Blue InstituteССК
Next Post

„Кајмак“ продаден за дистрибуција во цела Јужна Америка, Средна Америка и на Карибите

Shortcut

Најново

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk