Со доц. д-р Јован Близнаковски од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје, ЦИВИЛ Медиа разговараше за податоците од неодамна објавеното Европско општествено истражување, во кое за првпат учествуваше и Северна Македонија.
Многу висок процент од македонските граѓани би гласале Северна Македонија да стане членка на ЕУ доколку утре се одржи Референдум за членство во Европската унија, мал е процентот на тие кои се евроскептици. Граѓан(к)ите во нашата држава сакаат да живеат во демократска држава, но истовремено сакаат да имаат авторитарен лидер со „цврска рака“ кој ќе биде над законите. Во нашите држава најмногу се дискриминира во однос на етничка и национална припадност, но она што го нема како прашање во истражувањето е политичката дискриминација. Граѓаните имаат ниска доверба во институциите и политичките партии…