Незадоволните членови на ДУИ, кои се нарекуваат „огнена група“, ги демантираа синоќа информациите дека ќе преминат во партијата БЕСА.
Откако најавија дека ќе дејствуваат како фракција, од групата соопштија дека во наредниот период ќе се интензивира „борбата за демократизација, транспарентност, воспоставување на принципот меритократија и отчетност во рамките на ДУИ“.
„ На Огнената група на која и даваат поддршка 1/3 од гласачите на ДУИ не и е местото надвор од ДУИ, туку треба да отстапат тие кои немаат ниту гласачи, ниту реализирани проекти, со што ќе се создаде место за млади подготвени и компетентни кадри кои ја знаат и ја сакаат ДУИ“, велат од „Огнената група“.