Мислам дека пратеникот Ковачки е наседнат. А ако е свесен и упорно го прави ова, откако ќе се докаже дека лажел ќе треба да се повлече од политичката сцена ако има свест и совест, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во нејзиното гостување на ТВ Шења.
Таа додаде дека Ковачки најверојатно се плаши од неговото минато, што има направено и зошто не се вклопува во НАТО критериумите.
Јас не кријам дека сум разговарала со психијатар, ако кријам зошто би го поднела тоа како доказ на суд? Сум се чувствувала вознемирено од клеветите и лагите кои тој ги изнесе, не само еднаш, туку во повеќе наврати, рече Петровска.
Министерката додаде дека е разочарана што пратеникот Ковачки одбра да го спушти нивото на комуникација и на дуелот, која таа го побара и на која сакала да се разговара за забелешките во нејзината работа, а не за нејзиниот приватен живот.
Жалам што Ковачеки подлегна на внатрепартиските битки и притисоци во ВМРО-ДПМНЕ и очигледно како некој кој се пратставува како искусен во армијата и военото разузнавање, наседнал на провокации и невистини кои му биле сервирани, рече Петровска.
Таа додаде дека дел од сценаријата протв неа имаат цел да ја обесхрабрат, бидејќи се однесуваат само на нејзината личност, а не за нејзината работа.
Никој не се осмели, дури ни оној што сега ме напаѓа, не се осудува да отвори дебата за донациите. Не се осудува да отвори дебата за плановите за министерството за одбрана, не се осудува да отвори дебата за плановите на министерството, за буџетот“ рече Петровска.