ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Фон дер Лајен и Макрон ја повикаа Кина да ја вразуми Русија

April 6, 2023 21:12
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ги завршија состаноците со кинеските лидери со молба за помош за враќање на мирот во Украина и предупредување да не се снабдува Русија со оружје, јави ДПА.

– Вооружување на агресорот би било против меѓународното право и значително ќе им наштети на нашите односи, рече фон дер Лајен по разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Макрон изрази надеж дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да бара преговори за украинскиот конфликт.

– Знам дека можам да сметам на вас … да ја вразумите Русија и сите да ги доведете на преговарачка маса, рече Макрон за време на разговорите со Си во Пекинг, соопшти Елисејската палата.

Макрон и фон дер Лајен се последните европски лидери кои се сретнаа со кинеските власти и разговараа за нивните „комплексни“ односи, во обид да обезбедат помош од Пекинг за ставање крај на војната во Украина.

Париз верува дека блиските односи на Кина со Русија значат дека Пекинг има добра позиција за да интервенира во тековниот конфликт и потенцијално да посредува за мир.

– Убеден сум дека Кина има голема улога во градењето на мирот, рече Макрон непосредно пред средбата со Си.

– Кина е од големо значење за Европа со меѓузависности и долга заедничка историја, рече фон дер Лајен на почетокот на разговорите со кинескиот премиер Ли Кианг. Двете страни имаат „неизмерна корист“ од врската, додаде таа во видео објавено на Твитер.

„Сепак, односите ЕУ-Кина станаа посложени во последните години“, додаде таа, нагласувајќи ја потребата да се разговара за „сите аспекти на односите [ЕУ-Кина] денес“.

– Сепак, односите ЕУ-Кина станаа посложени во последните години, додаде таа, нагласувајќи ја потребата да се разговара за „сите аспекти на односите (ЕУ-Кина) денес“.

– Ова ќе им помогне и на Европската унија и на Кина да се движат во сложената и нестабилна геополитичка средина, додаде фон дер Лајен.

Како што пренесе ДПА, сепак, Кина даде нејасен одговор на Макрон и Фон дер Лајен.

Си му рекол на Макрон дека е убеден оти тридневната посета на францускиот претседател може да обезбеди „нови импулси и нова атмосфера“ за односите на Пекинг со Европа.

Како големи земји со традиција на независност, Кина и Франција имаат „способност и одговорност да ги надминат разликите“, рече Си на почетокот на нивните разговори.

Меѓутоа, додека Си зборуваше за продолжување на преговорите за војната во Украина, неговата изјава повтори голем дел од кинескиот документ со позиции за војната претставен во февруари, што беше дочекан со меѓународна критика и разочарување.

Тој повтори дека мора да се земат предвид „легитимните безбедносни интереси на сите страни“, барање што го става Пекинг повеќе во согласност со рускиот аргумент.

Си понатаму повика на изградба на „урамнотежена европска безбедносна рамка“, што вообичаено се сфаќа како критика на САД и проширувањето на НАТО.

Како и во документот од 12 точки од февруари, Си уште еднаш избегна да ја осуди руската агресија, ниту пак, посочи дали Кина ќе го искористи своето влијание врз рускиот претседател Владимир Путин.

Си рече дека треба да се избегнуваат напади врз цивили или цивилни објекти и да се почитува ветувањето дека нема да се користи нуклеарно оружје.

Фон дер Лејен го поздрави повикот на Си за воздржаност и неговото предупредување против употребата на нуклеарно оружје. Сепак, таа ја подвлече нејзината поддршка за мировниот план на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во спротивност со позицијата на Кина.

Во врска со ставањето крај на војната во Украина, фон дер Лајен рече дека ЕУ смета на Кина да ја „игра својата улога и да промовира праведен мир, кој ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

Си го прими Макрон со воени почести. Потоа разговараше со фон дер Лајен, пред тројцата лидери да одржат заеднички разговори.

Претходно, Макрон имаше одвоени разговори за Украина со Ли и со претседателот на постојаниот комитет на кинескиот парламент Жао Леџи. Во неговите разговори со Жао, Макрон го истакна влијанието на војната врз безбедноста и глобалната стратешка рамнотежа.

Во синоќешниот говор во американската Амбасада, Макрон истакна дека Кина ја потврдила својата посветеност на Повелбата на ОН, која ги вклучува вредностите на територијалниот интегритет и суверенитет.

– Верувам дека нивната одбрана значи и одење заедно и обид да се најде пат кон мирот, рече францускиот претседател.

Кина досега избегнуваше да ја осуди целосната инвазија и наместо тоа ги зајакна своите врски со Путин, а Си неодамна беше и во посета на рускиот лидер во Москва.

Пекинг сè уште не разговарал со Зеленски, и покрај тоа што неодамна објави мировен предлог за војната во Украина.

Фон дер Лајен по нејзиниот состанок со кинескиот лидер соопшти дека Си и кажал дека ќе разговара со Зеленски кога „условите и времето ќе бидат соодветни“.

Посетата се фокусираше и на економските односи. Макрон од вчера е во Кина, придружуван од делегација од 60 француски менаџери, со цел да ги поттикне деловните активности.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Емануел МакронКинаРусијаУрсула фон дер Лајен

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk