Владата веќе наменски додели 3 милиони евра, од вкупна вредност од 6 милиони евра, на градот Скопје за изградба на булеварот “Хасан Приштина“ или како што е oпшто познат “Качанички пат” (во Визбегово) до скопската обиколница, пишува на својот профил првиот вицепремиер Артан Груби.
„Во разговор и соработка со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која е надлежна за реализиција на проектот, ги започнавме последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт за да започне и заврши оваа важна сообраќајна артерија за градот“, порача Груби.