ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Над 150 свештеници од надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребиле повеќе од 600 деца

April 6, 2023 14:40
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 150 католички свештеници поврзани со надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребувале над 600 деца и главно не биле повикани на одговорност за злосторството, се наведува во вчера објавениот државниот извештај, со што се открива обемот на злоупотребата во период од 80 години.

Извештајот содржи сериозни обвинувања против надбискупијата, најстарата римокатоличка епархија во САД, која има ингеренции во поголемиот дел од сојузната држава Мериленд. Во некои парохии, училишта и заедници имало неколку активни насилници во исто време. На пример, 11 насилници живееле и работеле во парохијата Свети Марко во Катонсвил помеѓу 1964 и 2004 година. Еден ѓакон признал дека злоупотребувал повеќе од 100 деца.

Балтиморскиот архиепископ Вилијам Лори им се извини на жртвите и рече дека извештајот „опишува историја на надбискупијата, што треба да се осуди; време кое нема да се занемари, игнорира или заборави“.

Мрежата на жртви на злоупотребата од страна на свештениците, позната како СНАП, истакна дека во извештајот се наведени повеќе имиња на злоупотребувачи отколку што биле јавно објавени од страна на претставници на надбискупијата. Организацијата го повика архиепископот да ја објасни недоследноста.

Во извештајот, исто така, се наведува дека претставниците на Католичката црква повеќе биле фокусирани на прикривање на злоупотребата наместо на заштита на жртвите. Во некои ситуации, жртвите пријавиле злоупотреба на свештеници кои и самите биле насилници.

Во извештајот, од речиси 500 страници, наведени се бројни примери на црковни власти кои ги штитат обвинетите свештеници, на пример, дозволувајќи им да се пензионираат предвремено или да се префрлат во други парохии.

Во 1964 година, отец Лоренс Брет призна дека сексуално злоупотребувал тинејџер на католички универзитет во Конектикат. Тој беше испратен во Ново Мексико под маската на лекување од хепатитис, а потоа во Сакраменто каде друг тинејџер пријавил дека бил малтретиран од Брет. Подоцна бил префрлен во Балтимор каде служел како капелан во католичко средно училиште за момчиња и малтретирал повеќе од 20 деца. Откако беше обвинет за малтретирање од неколку студенти во 1973 година, на Брет му беше дозволено да ја напушти функцијата под изговор дека се грижи за својата болна тетка. Училишните службеници не ја пријавиле злоупотребата кај властите. Тој никогаш не се соочи со кривична пријава и почина во 2010 година.

Tags: Балтиморсвештеници
Next Post

„Огнената група“ и официјално како фракција на ДУИ

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk