ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Владата останува на своето мислење платите да останат такви какви што се

April 6, 2023 15:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на Уставниот суд со која се укиниваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува со оглед на тоа дека одлуки на Уставен суд се конечни. Но, тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за проценти кои се зборуваа во јавноста, се работи за шпекулации во најголем дел, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата.

Досегашното замрзнување на основицата, како што посочи премиерот, беше всушност владин став изминатиов период и од страна на Владата истиот е бранет како став пред Уставниот суд.

-Со одлука на Уставниот суд практично се укинува. Во мислењето што го дава Владата до Уставниот суд, во последниот став се вели „Согласно напред наведеното Владата на Република Северна Македонија смета дека оспорениот член 4 од Законот за изменување и допоплнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Северна Македонија Службен весник бр. 97/10 и член 1 од Законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Северна Македонија Службен весник бр. 139/14 не е во несогласност со членовите 8 став 1 алинеја 3, 9, 32, став 3 и 51 од Уставот на Република Северна Македонија“, образложи Ковачевски.

Со ова, според него, се потврдува дека Владата останала на своето мислење како и претходно во однос на тоа платите да останат такви какви што се.

-Уставниот суд ги укинува овие одредби од Законот и со тоа основицата за пресметување на плата се пресметува според Законот без оние ограничувања кои постоеле досега. Доколку Уставниот суд на пример ги поништеше овие членови, бидејќи се две различни форми, тоа ќе значеше дека на сите избрани и именувани функционери изминатите 11 години ќе требаше да им се исплатат разликите во плата со се камати што ќе беше трошок на Буџетот од 100 милиони евра, додава Ковачевски.

МТСП, како што кажа, во рамките на своите овластувања има дадено негативно мислење на иницијативата за промена на членовите од Законот за плата и други надоместоци до Уставниот суд со кое го потврдува ставот дека закононското решение за плати не треба да се менува. Намерата на Владата, вели тој, била и се уште е јасна, а тоа е фер и праведно платена работа за сите чинители во општеството.

-Иако основицата за пресметувања плата согласно одлуката се зголемува, Владата работи на изработка на нов закон за плати во кој ќе се стави конзистентност во исплатата на палти за сите функционери во државата, бидејќи и денес постои неконзистентност во исплатата на плати на фунцкинерите. Има акционерски друштва во државна сопственост, регулаторни тела, има разни агенции кои пресметуваат плата согласно друга методологија и чии плати на директори, на членови на УО се неколкукратно поголеми од платата на пример пратеник во Собрание и исто Владата веќе работи на изработка заедно со синдикатите преку економско-социјален дијалог на нов општ колктивен договор кој ќе ги регулира платите во делот на работниците, рече Ковачевски.

Прашан дали ќе ги донира парите од покачувањето на платата, Ковачевски нагласи дека не сака да прави ПР од тоа.

-Јас досега имам многу пати донирано, имам голем број благодарници од различни организации каде имам донирано и како физичко лице и како претставник на правно лице, но никогаш со тоа не сум правел ПР, сепак сметам дека доколку на некој му донирате тоа го правите со добра волја со цел на некого да му помогнете, а не од тоа да направите ПР за себе си. Така ќе правам и во иднина, а за блиска иднина подготвуваме нешто со моето семејство за една здравствена клиника, рече Ковачевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаКовачевскиплатиУставен суд

НАЈНОВО

Вучиќ пред утрешниот протест ги одби барањата на студентите: Не прифаќаме ултиматум

June 27, 2025

Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување

June 27, 2025

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk