Во завршна фаза сме со договор за Чебрен, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во Телма телевизија. Тој додаде дека грчката компанија побарала уште малку време за финиширање на деталите.
-Знаеме дека таа компанија е со државен капитал, ќе имаат избори во Грција и побараа тоа да не се совпадне со тамошните избори. Со Чебрен сме многу биску да го затвориме процесот и отприлика инвестицијата е една милијарда евра. Дополнително, ќе имаме уште две стратешки инвестиции во енергетиката, рече Битиќи,
Тој додаде дека овие инвестиции ќе бидат инвестиции во обновливи извори и наскоро можат да се најдат во Собранието.
-Таму сме при крај со преговорите и големината е околу 1,3 милијарди евра. Да не бидам преоптимистичен, но заедно со таа една милијарда евра од Чебрен, септември ќе го завршиме со 2,3 милијарди евра во енергетиката. Тоа се приватни инвестиции што влегуваат во нашата земја. Го црпиме оптимизмот во овие бројки, истакна Битиќи.