РИБАРО
„Еве ги сега низ бројки ми го начукаа! Така фино ме затепаа за погрешните мои проценки за енергетската криза, што од вчера главата не знам каде ми е. Со кој ум велев „Се планираат рестрикции со кои цели градови ќе бидат исклучени од струја“, дознава АХА за изблиците на Мицкоски по повод годишниот извештај од АД ЕСМ.
Видовте ли што се вели во извештајот?
„Во услови на енергетска криза АД ЕСМ во период од 1 октомври 2022 до 31 март 2023 година имаше вкупно домашно производство од 2.696.000 MWh, односно 222.131 MWh повеќе, за разлика од истиот период во 2017 година, кога немаше енергетска криза. ЕСМ заради зголеменото производство набави помалку електрична енергија во вредност од околу 48 милиони евра, што е заштеда од скоро 98.5 милиони евра“, го читал Мицкоски извештајот во друштво со неговиот потпретседател.
Не само што немаше криза со струја, ами и ја намалија. Домаќинствата плаќаат исти или помали сметки од лани. И не е ова некоја политичка проценка на Ковачевски, па сега ајде ние ќе негираме. Ова се сурови емпириски докажани факти, дадал Мицкоски.
– Шефе, денеска тука ви е главата, ако е сè уште битно тоа!, додал утешително Александар Николовски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK