ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Папата Франциск ја осуди војната во Украина, насилството на Блискиот Исток, меѓународниот тероризам

April 9, 2023 14:39
in ДЕНЕС, СВЕТ

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во денешната велигденска порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi) ги осуди бројните „камења на сопнување“ на патот кон мирот во светот, од Украина преку Блискиот Исток до меѓународниот тероризам.

Пред околу 100.000 верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата ја изрази својата „силна загриженост“ поради неодамнешното интензивирање на нападите на Блискиот Исток, кои, според него, го загрозуваат „дијалогот“ меѓу Израелците и Палестинците.

Како и минатата година, во неговата порака даде посебно место имаше војната во Украина.

Утешете ги ранетите и оние кои ги загубија своите најблиски поради оваа војна и погрижете се заробениците да се вратат живи и здрави во своите семејства, рече папата и ја повика меѓународната заедница „да стави крај на оваа војна, како и на сите крвави конфликти во светот.

Наведувајќи околу 20 земји, водачот на 1,3 милијарди католици зборуваше за Либан „кој сè уште бара стабилност и единство“, Тунис и „неговите (социјални и економски) проблеми“, „тешката социо-политичка и хуманитарна криза“ на Хаити и за „жртвите на меѓународниот тероризам“ во Буркина Фасо, Мали, Мозамбик и Нигерија.

Тој ги спомена и жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија во февруари, во кој загинаа повеќе од 56.000 луѓе, а штетата се проценува на стотици милијарди евра.

Пред пораката, Папата ја предводеше велигденската миса и во својот папамобил помина низ луѓето собрани на плоштадот Свети Петар, благословувајќи ги верниците во топла атмосфера.

Папата Франциск (86) синоќа отслужи Велигденско бдение во базиликата Свети Петар во присуство на околу 8.000 луѓе. Минатата недела папата помина три дена во болница поради бронхитис, а поради болки во коленото се движи во инвалидска количка.

Извор: Либертас

Tags: Папата ФранцискУкраина
Next Post
Фото: МИА

Во Албанија во март значителен пад на инфлацијата која достигна ниво од 5,3 отсто

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk