ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Анализа на ИКС: Отсуството на институционална транспарентност го зголемува ризикот од дезинформации

April 11, 2023 13:16
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Отсуството на целосна институционална транспарентност значи скратување на правото на граѓаните на пристап до информации, односно нивно маргинализирање од процесите на донесување одлуки и креирање политики, се оценува во анализата „Улогата на институционалната транспарентност во справувањето со дезинформациите и шпекулациите во Северна Македонија“, што ја изработи Институтот за комуникациски студии.

– Овие тенденции не само што ги спречуваат граѓаните информирано да го следат донесувањето одлуки во власта, туку и го зголемуваат ризикот од дезинформации. Недостигот од институционална транспарентност може да доведе до ширење дезинформации за исклучително важни прашања од јавен интерес, се посочува во документот.

Анализата се фокусира на соодносот помеѓу отворената и отчетна власт, наспроти ширење на погрешни информации и дезинформации кои секогаш ја поткопуваат довербата во државните институции, при што ги нотира и европските и меѓународните политики и стандарди во борбата против дезинформациите.

– Транспарентноста на институциите не смее да се сведе на „формално правна и техничка“ и не смее да го фаворизира личниот имиџ на носителот на функцијата декларирајќи го тоа како транспарентност. Исто така, таа не може да се ограничи само на прес-конференции, (не)ажурирани веб-страници, достапност на портпароли или мерење на индекси за транспарентност. Кога луѓето немаат пристап до сите факти, тие стануваат подложни да веруваат во шпекулации и погрешни информации, се посочува во анализата.

Авторите наведуваат дека борбата со дезинформации е комплексен процес со кој не можат сами да се справат медиумите, но ни институциите, граѓанските организации, а најмалку самите граѓани, па затоа од исклучителна важност е поттикнувањето на системски политики кои промовираат општа, но и медиумска писменост и критичко размислување.

– Покрај тоа, клучно е јасно да се дефинираат дезинформациите за да се избегне сомнежот во носењето на политиките и мерките за спречување на ширењето дезинформации, но и опасноста тие да се злоупотребат за замолкнување на критичката јавност и ограничување на слободата на говорот и новинарската уредувачка слобода, сметаат авторите на анализата.

Во истражувањето се нагласува дека развојот и ширењето на информациските и комуникациските технологии меѓу другото доведе и до зголемување на влијанието на дезинформациите со далекусежни политички реперкусии врз демократските општества низ целиот свет.

– Во дигиталната ера дезинформациите може брзо да се шират и да предизвикаат значителна штета, да ја поткопаат довербата во институциите и да доведат до ширење лажни информации со потенцијално сериозни последици. Ова стана особено евидентно во последните неколку години, за време на пандемијата на ковид-19 и војната во Украина, се додава во анализата.

Во истражувањето акцентот е ставен на два клучни општествени субјекти, институциите на централната власт и медиумите и генерално нејзина цел е „детектирање“ дали и колку (не)транспарентноста на институциите може да придонесе во (борбата против) ширењето дезинформации.

– Истражувачките сознанија упатуваат на многубројни предизвици, како на нормативно-правен, така и на организациски и технолошко-технички план. При надминувањето на овие предизвици корисни насоки нуди сеопфатниот пристап на ЕУ во справувањето со дезинформациите, како и генералните норми и акти на ЕУ за институционална транспарентност и борба против корупцијата. Нивните препораки се во насока на: зајакнување на отпорноста на демократските општества против дезинформациите, поддршка на слободните и независни медиуми и на квалитетното новинарство, промовирање транспарентност и одговорност во онлајн-платформите и рекламирањето, зајакнување на соработката и координацијата меѓу земјите-членки на ЕУ и меѓународните партнери, зајакнување на граѓаните преку подобрување на медиумската писменост и вештините за критичко размислување, се посочува во студијата.

Според авторите, транспарентноста се смета за еден од важните предуслови во борбата против корупцијата и се наметнува како контратежа на дезинформациите, поради нејзината улога во отвореноста, изградбата на доверба, спречувањето лажни информации и промовирањето точно и отворено информирање.

– Во услови на институционална транспарентност и отвореност, се намалуваат институционалната недоверба и просторот за ширење дезинформации. Тоа не значи дека тој простор може целосно да се елиминира, бидејќи во ширењето дезинформации улога играат и низа други испреплетени општествени актери и процеси, кои често не се ограничени во рамките на државните граници. Затоа, зголемувањето на институционалната транспарентност е логичниот чекор што може да се преземе за намалување на влијанието на дезинформациите, се посочува во истражувањето.

Анализата е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија“, кој се реализира со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: дезинформацииИКС

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk