Во Министерството за здравство денес беа примени на разговор претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза, пациенти и родители на деца со цистична фиброза.
Целта на дискусијата беше запознавање со процесот со кој Министерството за здравство, веќе активно работи на изнаоѓање сеопфатно решение за овие пациенти. За таа цел е ангажирана работна група која од пред две недели работи на случајот.
Претставници од асоцијацијата, исто така, ќе бидат повикани и на состанок со работната група за директно да бидат вклучени и запознаени со предизвиците и чекорите потребни за да се стигне до решение за оваа ранлива категорија, соопштија од МЗ.