ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Валадата го прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот  за 2023 година

April 11, 2023 16:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната седница го разгледа и прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот  за 2023 година, информираат од Владата.

Со Оперативниот план за 2023 година, како што беше образложено од страна на предлагачот, Министерството за труд и социјална политика, се проширува опфатот на програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година, со што  ќе се обезбеди креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, на долгорочно невработените и на корисниците на права  по основ на гарантирана минимална помош. Со овој план  посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години, долгорочно невработените како и на корисниците на гарантирана минимална помош.

Новина во Планот е тоа што нискоквалификувани лица, со завршено минимум основно образование може да се вклучат во мерките за вработување, се наведува во соопштението од Владата.

Оттаму потсетуваат дека сите евидентирани невработени лица и работодавачи имаат пристап до програмите, односно мерките и услугите за вработување. Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка и услуга за вработување, а како општо правило се настојува да се постигне еднаква застапеност на мажи и жени, согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите, како и учество на младите лица до 29 години од најмалку 40% во секоја од програмите и мерките и услугите за вработување.

Носител на Оперативниот план е Министерството за труд и социјална политика, а неговата имплементација е во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во партнерство со други одговорни институции и организации.

Tags: ВладаОперативен план
Next Post

Скопјани и натаму ќе чекаат автобуси со часови, Арсовска објави нов оглас за приватните превозници

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk