ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украинско МНР: Армијата на Русија продолжува да врши ужасни воени злосторства во Украина

April 12, 2023 15:10
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Принтскрин од видеото од обезглавувањето на украинскиот војник

Принтскрин од видеото од обезглавувањето на украинскиот војник

„Армијата на Русија продолжува да врши ужасни воени злосторства во Украина. Запрепастени од појавувањето на видеото од 11 април на кое се гледа како руски војници егзекутираат украински заробеник. Позирајќи пред камерата, руските џелати со посебен цинизам му го одземаат животот на човекот“, реагираат во објава на фејсбук од украинското Министерство за надорешни работи.

„Ова не е прв случај на флагрантен нехуман третман на украински заробеници од страна на руските војници. Илјадници случаи имаше во Буча, Ирпин, Гостомел, Бородјанка, Мариупол и други украински градови и села. рф намерно спроведува во Украина политика на тортура, физичко малтретирање, нехумано постапување, намерно нанесување на тешки страдања, сериозни телесни повреди и намерно убивање како на заробениот воен персонал, така и на цивили“, истакнуваат од МНР на Украина.

Оттаму нагласуваат дека „убиството на украински заробеник прикажано на видео е сериозно кршење на Женевските конвенции и е воено злосторство во согласност со одредбите на Кривичниот законик на Украина и Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд. Според Римскиот статут, ваквите дејствија може да бидат квалификувани и како злосторство против човештвото“.

МНР на Украина ја повикуваме Канцеларијата на Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд неодложно да обрне внимание на уште едно, како што велат, „злосторство на руските војници во контекст на истражувањето на воени злосторства и злосторства против човештвото извршени од граѓани на Руската Федерација на територијата на Украина“.

„Сите лица вклучени во злосторствата во Украина – како највисокото раководство на рф, така и директните извршители – безусловно ќе бидат казнети. Исто така, ја повикуваме и меѓународната заедница да преземе решителни и итни мерки за зголемување на помошта за Украина со цел да се заштитат Украинците од рускиот геноцид и да се ослободат сите наши територии“, се наведува во соопштението на украинското МНР.

 

Tags: воени злосторстваМНР УкраинаРусија
Next Post

Груби: Од носењето на осумте закони зависи дали Коридорите ќе се градат побрзо и поевтино или подолго и поскапо

НАЈНОВО

(ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

August 20, 2025

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk