Германскиот Сојузен завод за статистика денеска објави дека во првата година од руската инвазија врз Украина намален е за 91 отсто увозот од Русија.
Падот на германскиот увоз од Русија пред сè се должи на намалената испорака на руски енергенси. Според официјални податоци во февруари годинава Германија увезла стоки од Русија во вредност од 300 милиони евра, додека минатата година увозот изнесувал 3,7 милијарди евра. со тоа Русија од 11 сега е на 46 место на земји од кои Германија увезува артикли
Германија пред војната во Украина набавуваше повеќе од половина од вкупното количество гас, но поради воведените санкции кон Москва, прво го намали, а потоа го прекина увозот на гас.
Германскиот завод за статистика соопшти дека од почетокот на годината до февруари увозот на руска нафта и гас е намален за 99,8 отсто односно од 2,2 милијарди на 4,2 милиони евра, додека увозот на јаглен е намален за 92,5 отсто, на 26 милиони од 347 милиони евра.
Германија во февруари во Русија извезла стоки во вредност од 800 милиони евра, додека една година претходно извозот изнесувал 2,1 милијарди евра, што претставува пад од 60,5 отсто.