Јапонските и американските воздухопловни сили денеска изведоа заедничка вежба над Јапонското Море, откако Северна Кореја лансираше балистичка ракета, соопшти јапонското Министерство за одбрана.
Министерството наведува дека заедничката воена вежба била спроведена во момент кога безбедносната ситуација во јапонското опкружување се заострува и кога Северна Кореја лансира балистички ракети.
Северна Кореја денеска повторно лансираше ракета, а има сомневање дека се работи за нов модел на балистичка ракета, соопшти Јужна Кореја.