ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Работен состанок на претседателот на Врховниот суд со претседателите на четирите апелациони судови за предметите од висок јавен интерес

April 13, 2023 19:49
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Врховен суд. Фото: МИА

Врховен суд. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Прашањата за постапувањето по предметите од висок профил и од висок јавен интерес беа тема на разгледување и на дискусија на денешниот работен состанок во Врховниот суд меѓу претседателката на Врховниот суд Беса Адеми и претседателите на четирите апелациoни судови во државата.

 

Адеми, како што информираат од Врховниот суд, ја истакна важноста на прашањето кое се дискутираше, нагласувајќи дека постапувањето и одлучувањето по предметите од јавен интерес говори за ефикасноста на судството, но и во голема мера влијае врз довербата на судството која континуирано е нагласена во релевантните извештаи.

Во оваа насока, на работниот состанок беше заклучено дека по предметите од висок јавен интерес мора да се постапува ефикасно и ажурно и во согласност со законот, а со цел да не настапи нивна застареност.

По предметите од висок јавен интерес ажурно да се постапува и одлучува во согласност со законот и прописите, а со цел да се обезбеди ефективно остварување на правдата и воедно да се избегне опасноста од застарување на предметите од висок профил. Ажурното постапување и одлучување по предметите од јавен интерес да биде составен дел од планот за работа на судовите, внатрешните процедури и планираните активности во согласност со стратешките документи за независноста на судството, интегритетот на судиите, транспарентноста, борбата против корупцијата и напредокот на земјата во делот на правосудството.  Да се направат напори од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија да се пополнат испразнетите судиски места, што непосредно влијае врз ефикасното работење на судовите, гласи Заклучокот од работниот состанок.

Претседателката на Врховниот суд, Адеми, посочи дека како претседател на Врховниот суд и при претходните работните состаноци на апелационите судови  укажала на важноста на ова прашање.

Tags: Врховен суд
Next Post
Фото: МИА

Мисија на ОБСЕ во Тирана: Очекуваме мирна и отворена изборна кампања

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk