ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Буено: Го поддржуваме напредокот на Албанија во процесот за членство во ЕУ

April 14, 2023 17:34
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на кралството Шпанија Хосе Мануел Албарез Буено, кој е во посета на Тирана, истакна дека за време на шпанското претседателство со ЕУ ќе го поддржат напредокот на Албанија во процесот за членство.

На заедничката прес-конференција со министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, Буено ја потенцираше зголемената на соработката меѓу двете земји, што беше финализирано денеска со потпишување на меморандум за соработка.

Пристигнав во Албанија како дел од турнејата низ западните земји и поддршката за Албанија во ЕУ ќе биде многу активна во текот на шесте месеци кога Шпанија ќе претседава со Европската унија. Односот меѓу Албанија, Балканот и ЕУ се теми за кои разговаравме со министерката. Разговаравме и за односот на Косово со Србија. Овој однос е надвор од економските врски. Ние сме солидарни за време на кризи. И помогнавме на Албанија со помош за вакцини и медицинска помош за време на пандемијата, изјави Буено.

Тој додаде дека со неговата колешка Џачка го делат истото мислење за неправедната и брутална агресија на Русија врз Украина.

Разговаравме за улогата на Албанија во одбраната и глобалните прашања како членка на НАТО и земја која ќе влезе во ЕУ, а јас ја споменав улогата и активирањето на Албанија во многу важни безбедносни прашања. Ние во Шпанија ги промовираме и цениме вредностите што се напишани во Повелбата за права на Обединетите нации. Разговаравме и за соработката меѓу Албанија и Шпанија за борба против криминалните мрежи. Соработка има и на приватно ниво во делот на туристичкиот сектор и се надеваме дека ќе се зголеми присуството на шпански компании во Албанија, наведе Буено.

Шпанскиот шеф на дипломатијата информираше и дека ќе биде организирана средба на ниво на премиери меѓу двете земји за дополнително зајакнување на соработката на различни полиња.

Албанија и Шпанија денеска потпишаа Меморандум за соработка за постигнување на најдобра можна координација на работата за прашањата од европската интеграција.

Заблагодарувајќи се за посетата, што, како што рече, е прва на шпански прв дипломат по подолг период и поддршката на евроинтеграцискиот пат, Џачка меѓу другото посочи дека процесот на скрининг за земјата завршува на крајот на годината.

Tags: АлбанијаБуеноЕУ
Next Post
Фото: Wikimedia Commons

Европол: Откриена „подземна“ банка преку која наркобанда испрала 180 милиони евра

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk