ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Маричиќ: Шпанското претседателство со Европската Унија ќе одигра огромна улога за нашиот напредок во следната фаза на преговорите

April 14, 2023 18:50
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Фото: СЕП

Фото: СЕП

Share on FacebookShare on Twitter

 Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено, кој е во еднодневна официјална посета на Северна Македонија.

Маричиќ на почетокот за заблагодари за поддршката што Шпанија ја дава на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и укажа дека меѓусебната поддршка, како и добрите билатерални односи, го потврдуваат искреното пријателство меѓу Северна Македонија и Шпанија, кое следната година слави 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави, стои во соопштението на СЕП.

Поддршката од Шпанија за евроинтегративниот процес и реформите продолжува, за нас е клучно на време да ги завршиме нашите обврски. Шпанското претседателство со Европската Унија ќе одигра огромна улога за нашиот напредок во следната фаза на преговорите и нашата позиција во пакетот за следното проширување на ЕУ, рече Маричиќ на состанокот.

Министерот Албарез Буено потврди дека Северна Македонија може да смета на поддршката за забрзување на преговорите со ЕУ и дека не е случајна неговата посета на регионот, во пресрет на шпанското претседателство со Унијата.

Маричиќ го брифираше шпанскиот министер за текот на скрининг процесот, а во таа насока Албарез посочи дека Северна Македонија има напредок и дека го засилува европското темпо за повеќе фондови и брзи реформи, но дека уставните измени остануваат клучни за брзата интеграција на државата во ЕУ.

Соговорниците изразија верување дека скринингот ќе помине во најдобар ред и во планираниот временски рок, како би можеле за време на нивното претседателство со ЕУ, заедно да работиме на следната фаза на преговорите со ЕУ и отворањето на Кластерите.

Како што соопшти СЕП, вицепремиерот Маричиќ и главен преговарач со ЕУ го запозна Албарез со новата иницијатива на министрите за евроинтеграции од земјите на Западен Балкан, кои следниот месец треба да се сретнат во Белград, за да ја договорат заедничка соработка во преговорите со ЕУ и настапување пред Европската комисија, која Албарез ја поздрави и за посака успех.

Маричиќ кој е и национален координатор на ИПА се заблагодари на Шпанија за нивниот интерес за поддршка на клучни проекти во областа на заштитата на животната средина и пред се Охридското Езеро и за соработката преку Твининг инструментот, конкретно за финансиската помош да се имплементира проект за усогласување на работењето во согласност со поштенската директива на ЕУ, во вредност од 600.000 евра, кој заврши во 2022 година.

Одличните билатерални односи и соработка која ја имаме во реализација на реформите, во многу области преку ИПА програмата, од денеска ја продлабочуваме и во процесот на пристапните преговори со ЕУ, што ја потврдува поддршката и искреното пријателство помеѓу двете држави, истакна Маричиќ.

Од СЕП информираат дека вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ остварил и тет-а-тет средба со министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хосе Мануел Албарез Буено, на која биле отворени важни теми поврзани со европската перспектива на регионот и поддршката на земјите членки на ЕУ за брз напредок на Северна Македонија.

Министерот Албарез Буено, денеска со посетата на Скопје ја заврши турнеја во регионот, во чии рамки ги посети и Република Србија и Албанија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БуеноЕУМаричиќуставни измени

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Волстрит џурнал: Трамп одобрил планови за напад врз Иран, но се воздржува од објавување наредба

June 19, 2025
фото: МИА

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

June 18, 2025

(ВИДЕО) Анастасија и Трн.мк со ‘Хаотична’ кавер верзија на ‘Messy’ од Lola Young

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk