ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Какви ќе бидат уставните измени е точно наведено во билатералниот Протокол потпишан со Бугарија

April 14, 2023 17:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставните измени се точно прецизирани во потпишаниот Протокол со Бугарија, како ќе изгледаат и каде ќе биде позицијата на Бугарите во Уставот. Така што и за Комисијата, што е формирана во Министерството за правда, ќе биде многу лесна работата, затоа што само треба да го земат Протоколот, таму пишува точно каде што се спомнати останатите етнички заедници, после запирката пред други, треба да се впишат и заедниците кои ќе бидат додадени – Хрвати, Бугари, исто како и останатите, не може да има разлика од тоа како се впишани другите.

Ова денеска го изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи на заедничката прес-конференција со неговиот шпански колега Хосе Мануел Албарез Буено во Скопје, во одговор на новинарско прашање во врска со одредени изјави кои доаѓаат од Бугарија, што се толкуваат дека Бугарите треба да бидат впишани како македонски Бугари во Уставот и дали таа опција е прифатлива со оглед дека таков етникум не постои.

Тука сакам да се надоврзам на тоа дека имаше одредени шпекулации дека Милков во НАТО барал од мене да бидат дел од комисијата. Сакам и тоа да го расчистам бидејќи немав прилика. Тоа што Милков ми го кажа на церемонијата за подигање на финското знаме, беше дека наводно слушнале шпекулации и дека ние сме презентирале на одредени држави формулации за уставните измени бидејќи сакаат и тие да бидат информирани исто така, за да нема недоразбирање. Тоа беше неговиот коментар, на што јас му одговорив дека прво, не е точно дека некому сме презентирале затоа што комисијата се уште не е состаната. Второ, дека не може да има недоразбирање, затоа што точно во Протоколот стои како ќе изгледаат уставните измени, и во кои делови од Уставот, и трето, дека ќе има јавна дебата за тоа, па сите ќе бидат подеднакво информирани, рече Османи.

По однос прашањето во врска со изјавата на шефот на бугарската дипломатија Николај Милков дека нема никаков напредок околу Протоколот и учебниците и дали Бугарија наоѓа нов момент на проблематизирање, Османи рече дека не треба преку медиуми да се прават политички проценки за степенот на реализација на договорот, бидејќи, вели, и за тоа има точно предвиден механизам што прави објективна проценка на реализацијата.

Тоа се меѓувладините комисии што се состануваат и проценуваат кога ќе дојде време за тоа. Бидејќи ако влеземе во таква политичка проценка на медиуми, мислам дека ќе ја изгубиме намерата и целта на потпишување рамка и институционализирање на односите со Бугарија, дециден е Османи.

Тој рече дека токму поради изборната кампања во Бугарија не се појавувал во медиумите, бидејќи, нагласи, не сакал да ја внесе државава во нивните изборни ветувања и изборни препукувања, бидејќи после тоа, политичарите стануваат жртва на нивните ставови.

Немам намера заради овие важни прашања за државата да полемизирам со било кого преку микрофон. Доколку има било која забелешка ние сме тука да седнеме да разговараме. Важно е да се има добра волја во овој пристап. Ако се обидуваме на ваков начин да изнајдеме некој негативен елемент за да создадеме негативна реторика, тоа нема да не води никаде. Ние имаме позитивна агенда, имаме позитивна намера да ги подобриме односите со Бугарија, нашите позиции сме јасни, спремни сме да комуницираме во било која форма, но немаме намера да полемизираме преку јавност за овие важни прашања за нас, нагласи Османи.

Извор: МИА

Tags: билатерален ПротоколбугаријаОсманиуставни измени
Next Post

Буено: Го поддржуваме напредокот на Албанија во процесот за членство во ЕУ

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk