ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со славењето на Енвер Хоџа, Левица покажува дека сака да ја стави земајва во „бункер“, наместо да напредува кон ЕУ

April 14, 2023 16:11
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Делегација на Левица на поклонение пред гробот на Енвер Хоџа во Тирана. Фото: Фејсбук Левица

Делегација на Левица на поклонение пред гробот на Енвер Хоџа во Тирана. Фото: Фејсбук Левица

Share on FacebookShare on Twitter

Политичката партија Левица и нивниот лидер Димитар Апасиев со посетата на гробот на албанскиот диктатор Енвер Хоџа ги откриваат своите идеали и иднината во која сакаат да ја носат земјата. Со нивното славење и величање на диктатори како Хоџа, кој забранувал религии, патување во странство и буквално ја држеше целата Албанија во заложништво цели 40 години, јасно ставаат на знаење како сакаат да владеат.

Оттука се поочигледно е зошто Левица се противи на придржувањето на Северна Македонија во НАТО сојузот и во Европската Унија, заедници каде што се вреднуваат демократските вредности и слободата на индивидуата.

Левица во нивниот пост во кој се поклонуваат на гробот на Хоџа пишуваат дека тој ја возобновил Албанија, но го изоставуваат фактот дека во 1985 година, кога почина, Албанија беше третата најсиромашна држава во Европа со БДП по глава на жител од само 15 долари месечно.

Колективизацијата на имотите доведе до глад на населението по селата, помогнато со целосната изолација од остатокот од светот, поради што земјоделците користеле алати и технологија од дваесетите години од дваесеттиот век.

Наместо модернизација на државата, борба со недостатокот на живеалишта, храна и изградба на патишта, Хоџа во Албанија воведе програма за „бункеризација“ и на територијата на државата изгради повеќе од 750 илјади бункери.

За време на владеењето на Енверн Хоџа чести биле и политички мотивираните ликвидирања на неистомисленици во Албанија, каде што според проценките од 25 до 100 илјади неистомисленици на Хоџа биле убиени, затворени или испратени во работнички кампови.

Албанија на Енвер Хоџа беше целосно заробена и изолирана држава, слично како што е денес Северна Кореа, со речиси непостоечка соработка со останатите држави и без почитување на правата на граѓаните.

Со величењето на таков лидер и таков систем, Левица само покажува дека тие се против зачленувањето на земјава во ЕУ, бидејќи за нив слободата, демократијата и соработката не се на врвот на листата на приоритети, туку посакуваат земјава да стане изолирана и заробена, со цел да ги остварат своите сонови за целосна контрола на општеството.

Иронично е како Левица се обидува да зборува за соработка помеѓу балканските народи, во иста реченица со славењето на Хоџа, кој беше и остана запомнет по изолацијата и градењето бункери, наместо фокусирање на проблемите на државата.

 

 

Tags: Енвер ХоџаЛевица
Next Post

ВМРО-ДПМНЕ и Левица антиевропски браќа по блокади и по дезинформации

НАЈНОВО

Скриншот

Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

October 28, 2025

ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk