РИБАРО
Ова комуњарава нè отепаа – се раскостија од носење инвестиции, констатирал Мицкоски на брифинг со своите најблиски соработници, дознава АХА.
„Само лани во државава влегоа 753,8 милиони евра, сега со тајванциве +200 милиони евра и ќе обезбедат 3.900 работни места. Граѓаните ќе треба да ги правиме недоветни и да напниме дека не ја бива оваа Влада. Мумлајте нешто: Кина, Тајван, ова-она, што ти ја знам…
И ова со Бугариве нема да ни поминува уште долго. Народов мора да се насочи дека оваа убава клима што ја направија комуњариве за инвеститорите нема врска со владината политика, со ЕУ, НАТО, европски перспективи, инаку маф ни е планот – ќе го кркаме на наредните избори. Нит штелнати анкети на Владе, нит владика Петар, нит свети Петар ќе не спаси. Пратете им абер на Левица и Апасиев нека нè следат“, додал Мицкоски.
„Ама шефе тоа се бројки неприкосновени, немаме аргументи со што би се тркале и негирале. Меѓу 12 и 15 милиони евра редовни годишни приходи се очекува да се слеваат во Буџетот од тајванската „Јагео”. Страшна пара е тоа, ептен во тесно не напикаа. Левица си има маки невидени што се заглави со Енвер Хоџа, слаб аир од нив ќе видиме. Најарно е да се скриеме во некоја дупка деновиве и да молчиме“, му вратил на Мицкоски незнаен вмровски јунак.
Какво криење, глувци едни?! Излегувајте од дупките! Вадете го Наум Стоилковски нека прави инцидент, нека се убаци на нечиј комуњарски прес, нека крева џева, возвратил Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK