ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Иницијативата Отворен Балкан овозможи раст на трговската размена за речиси 30 проценти

April 24, 2023 15:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Отворен Балкан. Фото: ЦивилМедиа

Отворен Балкан. Фото: ЦивилМедиа

Иницијативата „Отворен Балкан“ досега овозможи директните трошоци за даноци и такси меѓу земјите-членки да се намалени до 80 отсто, што резултираше со зголемување на трговската размена во регионот на Отворен Балкан за речиси 30 отсто, покажа денеска истражувањето на Американските стопански комори (AmCham) во Србија, Северна Македонија и Албанија.

„Иницијативата Отворен Балкан претставува одлична можност за либерализација на капиталните текови, бидејќи ќе го направи регионот поатрактивен за нови инвестиции, како и за проширување на инвестициите“, рече претседателот на Амчам, Стефан Лазаревиќ, на конференцијата „Регионална економска соработка, Отворен Балкан: што може да очекува економијата?“.

Тој додаде дека е неопходно иницијативата Отворен Балкан да се прошири на сите пазари во Западен Балкан, со цел економската интеграција да биде уште поуспешна.

Лазаревиќ изјави и дека бизнис заедницата очекува многу од имплементацијата на постигнатите договори во доменот на слободен пристап до пазарот на трудот.

Тој потсети дека иницијативата Отворен Балкан има за цел да создаде единствен регионален пазар заснован на принципите и вредностите на кои се заснова единствениот пазар на Европската унија, а тоа се слободата на движење на стоки, капитал, услуги и луѓе.

Српскиот министер за трговија Томислав Момировиќ истакна дека Отворениот Балкан е „еден од најважните аспекти на српската економска политика“.

„Поврзувањето на пазарите и интеграцијата на регионално и европско ниво немаат алтернатива. Секој друг пат е пат кон неизвесност, пат кон економска и политичка стагнација“, рече Момировиќ.

Тој додаде дека затоа Србија е решена на секој начин да го поврзе регионалниот пазар, потсетувајќи дека Отворен Балкан е иницијатива на лидерите на Албанија, Северна Македонија и Србија, односно не е наметната однадвор.

„Отворениот Балкан доведе до тоа денес Србија и Албанија да имаат најдобри политички односи во својата историја“, рече министерот за трговија на Србија и посочи дека Владата на Србија нема да се откаже од регионалните интеграции. 

Tags: AmChamекономијаОтворен Балкан
Next Post

Ако се толку сигурни дека нема двотретинско мнозинство за уставни измени, зошто се тогаш толку вознемирени во ВМРО-ДПМНЕ?!

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025

Шукова со критики до Орце Ѓорѓиевски: Позира и отворено го брани криминалното дивоградителство во Чаир

August 24, 2025

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајните на Месечината: Зошто не сме ја посетиле со децении по Аполо мисиите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk