ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Со заем од Европската банка ќе се управува со отпадот во Југоисточниот и Вардарскиот регион

April 24, 2023 16:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Со заем од Европската банка, Југоисточниот и Вардарскиот регион заеднички ќе управуваат со отпадот, а ќе се гради и регионална санитарна депонија по европски стандарди во Општина Василево, најави министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, по денешната средба со градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Како што истакна министерката, оваа иницијатива доаѓа откако пред повеќе години пропадна идеата за изградба на регионална депонија во Југоисточниот регион. Сега, со заемот, кој изнесува 55 милиони евра и 9 милиони швајцарски франци како грант, се опфатени пет региони во државата.

-За Југоисточниот и Вардарскиот регион ќе ја подготвиме документацијата и потоа ќе продолжиме како и за другите региони, посебно за Полошкиот и Југозападниот кои се во понапредна фаза-набавка на опрема, изградба на претоварни станици и изградба на централна депонија во Василево. Системски го решаваме проблемот и ќе остане само Скопскиот регион, но и за таму ќе бараме опции за финансирање. Но, нема да останеме на изработка само на техничка документација и ќе одиме до крај со изградба на санитарна депонија која треба да го реши проблемот за овие два региони, рече министерката Шукова.

Таа појасни дека од вкупната сума од заемот државата ќе врати само 22,5 милиони евра, односно тој е покриен со грант и со тоа се отвора можност за проширување на заемот.

Министерката Шукова потенцираше дека како држава и Влада се одлучни да се реши овој проблем засекогаш. Покрај тоа, информираше дека ќе се набават контејнери за сите општини во државата за селекција на отпад, а ќе се организира и посериозна јавна кампања за подигање на свеста кај граѓаните за изградбата на регионални депонии, каде ќе се градат претоварните станици и што значи тоа за нив.

Во одговор на новинарско прашање дали е потребен рудник во Струмичко и каков е ставот на Министерството, Шукова рече дека ресорното министерството имало и ќе има еден став, а тој е дека се што ќе се гради во државата од тешката индустрија мора да има мерки за заштита.

-Без сериозна студија за оценка на влијание овие процеси не може да се спроведат во државата и тоа не само за рудници, туку и за било каква друга таква иницијатива. Ние како Министерство сме за поголем развој на земјоделството, повеќе да се заштитуваат природените вредности, но секако рудниците не се во интерес на животната средина. Меѓутоа, мораме да внимаваме и на економскиот раст на државата. Ако овој рудник не предизвикува значителни влијанија на животната средина и тоа го покаже една студија, тогаш можеби во иднина може да се размислува за такво нешто. Но, без сериозни мерки за заштитита Министерството никогаш нема да дозволи да се отвори било каков капацитет којшто ќе ја наруши животната средина, а пред се здравјето на граѓаните, одговори министерката Шукова.

Tags: Европската банкаКаја ШуковаКостадин Костадиновуправување со отпад
Next Post

Ковачевски: За да бидат разјаснети сите прашања за Договорот за коридорите 8 и 10д би можело да биде свикан уште еден брифинг со новинарите

Shortcut

Најново

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk