ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Османи од Брисел: Подготвени сме за уставни измени, политичарите од соседство да престанат со провокациите

April 26, 2023 17:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада.мк

Фото: Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Плодна дискусија на денешната седница на Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент, на чија агенда беше европското досие на Северна Македонија.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговараше на бројните прашања на европратениците околу актуелните предизвици со кои се соочува нашата земја на патот кон Унијата, почнувајќи од скрининг процесот, реформската агенда, уставните измени па се до статусот на етничките заедници, со фокус на Бугарската етничка заедница.

Османи истакна дека Република Северна Македонија покажа дека и во регион како Балканот полн со предрасуди, државите можат да бидат и функционални мултиетнички демократии како Република Северна Македонија којашто служи како пример, не само за регионот туку и пошироко. Доказ за тоа е Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ, потенцираше Османи.

Османи истакна дека тоа што ги разликува државниците од политичарите е фактот дека  државниците од Северна Македонија мислат за идните генерации, наспроти политичарите кои мислат само за следните избори. Во тој контекст државата има цел да изгради совршен однос кон сите заедници без разлика на нивната бројност, каде сите граѓани без разлика на својата етничка припадност ќе имаат ист третман, но дека истовремено е потребно да се создава соодветна атмосфера и во соседна Бугарија и да се напушти праксата на провокации од политичари кои сред Скопје го негираат македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

„Договорот со Бугарија и договорот со Грција и Охридскиот рамковен договор се трите столба на евроатланска Северна Македонија. И јас се гледам себе си како чувар на трите договори. Јас уште еднаш пружам рака дека во Северна Македонија имаме цел да изградиме перфектно општество како однос на државата кон сите заедници независно колку се тие бројни“, рече Османи.

Нагласи дека уставните измени, за кои денес почнаа институционалната расправа, ќе значат и формално можност за интегрирање на бугарската заедница.

„Почнува првата средба на Комисијата за уставни измени и со тоа почнува јавната дебата за уставните измени. Ќе се обидеме да стигнеме до секој граѓанин и да објасниме дека овој процес е важен и за интегрирањето на заедниците, меѓутоа и за продолжување на патот кон Европската Унија, но тоа нема да можеме да го направиме сами. За тоа ќе ни треба поддршка. Поддршка од вас во смисла на вбризгување кредибилитет во процесот”, рече Османи.

Меѓу другото, Османи повика јасни сигнали од Брисел за кредибилен и предвидлив евро-интегративен процес, како одговор на евроскептицизмот кој е во раст во земјава.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БриселОБСЕОсманиуставни измени

НАЈНОВО

Сабаленка против пет сетови во женскиот тенис

July 1, 2025

Во Пустец почнува јубилејното 20- то издание на фестивалот „Македонско културно лето”

July 1, 2025
Скриншот

Кос: Европа не може да биде обединета без Западен Балкан

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk