Сеќавање на трагедијата од 1986 година, 37 години од страшната несреќа во нуклеарната централа Чорнобил
Сеќавајќи се на трагедијата од 1986 година, Украина повикува на спроведување на точката за радијација и нуклеарна безбедност од Формулата за мир на Претседателот на Украина Володимир Зеленски.
На 26 април 2023 година ќе навршат 37 години од страшната несреќа во нуклеарната централа Чорнобил, која стана најголемата вештачка катастрофа. Денес го почитуваме споменот на оние кои во првите часови по експлозијата по цена на сопствениот живот го запреа пожарот, со тоа спасувајќи милиони човечки животи.
Чернобил е мал град на северот на Украина, сместен на брегот на реката Припјат. На 26 април 1986 година се случи експлозија во четвртиот енергетски блок на АЕЦ Чорнобил. Реакторот бил целосно уништен, зградата на енергетската единица била тешко оштетена. Како последица на несреќата во околината биле исфрлени радиоактивни материи. Како резултат на несреќата во април 1986 година, 3/4 од територијата на Европа беше контаминирана со радиоактивен цезиум. Милиони Украинци добија значителни дози на радијација во тие денови по несреќата.
И Украина и меѓународната заедница вложија многу напори за да се надминат последиците од оваа катастрофална трагедија.
На 24 февруари 2022 година, државата-терорист рф, игнорирајќи ги меѓународно признатите безбедносни принципи и барања, како и меѓународните обврски на руската федерација како членка на МААЕ, руските вооружени сили извршија цинична и брутална воена инвазија со последователно привремено заземање на територијата на АЕЦ Чорнобил.
Руските вандали, наоѓајќи се во нуклеарната централа во Чернобил, предизвикале огромна штета, воедно вршеле и кражби на имотот на централата.
РФ продолжува да врши терористички акти против објектите на енергетската инфраструктура на Украина, вклучително и оние на чија територија се наоѓа нуклеарно гориво.
Сега Русија ја држи АЕЦ Запорижја како заложник, кршејќи ги сите принципи за нуклеарна и радијациона безбедност. русија го покажува своето целосно непочитување на барањата на меѓународната заедница која ја повикува веднаш да го повлече својот воен и друг персонал од АЕЦ Запорижја. Без ова повлекување, сите иницијативи за враќање на нуклеарната безбедност ќе бидат осудени на неуспех.
Не е залудно тоа што прва точка од Формулата за мир на Претседателот на Украина Володимир Зеленски се Радијација и Нуклеарна безбедност.
Никој нема право да го уценува светот со радијациона катастрофа, соодветно на тоа, радијационата безбедност мора да биде обновена – рф мора да ги повлече своите трупи од територијата на нуклеарната централа Запорижја.
За да се врати мирот, Украина ги повикува државите да го поддржат и имплементират секој од 10-те чекори од Формулата за мир (https://bit.ly/41CqJGH) на Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, стои во Твитер објавата на Украинската амбасада во Северна Македонија.
Премиерот на Украина, Денис Шмихал потсетува на трагедијата во Чорнобил и нејзините последици
„Денес, варварските напади на Русија во близина на нуклеарните постројки на Украина, окупацијата на нуклеарната централа Запорожје и нејзината трансформација во воена база го ставија светот во ризик од нова катастрофа, чиј размер може да ја надмине несреќата во нуклеарната централа Чорнобил. истакна украинскиот премиерот Денис Шмихал, пренесува Укринформ.
Секоја цивилизирана земја мора да се сеќава на настаните и последиците од 26 април 1986 година, со цел одлучно да се бори против рускиот нуклеарен терор на денешницата. „И демилитаризацијата на нуклеарната централа Запорожје и санкциите против целата руска нуклеарна индустрија треба да бидат првиот чекор на овој пат“, нагласи Шмихал.
Како што е соопштено, министерот за енергетика на Украина, Герман Галушченко, наведува дека присуството на руски војници на територијата на најголемата европска нуклеарна централа – АЕЦ Запорожје – претставува директна закана за нуклеарната безбедност на целото човештво.
Според поранешниот министер за заштита на животната средина и нуклеарна безбедност Јуриј Костенко, заканата од нуклеарна несреќа во нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија, е апсолутно реална и последиците од оваа катастрофа ќе бидат многу поголеми од оние од употребата на тактичко нуклеарно оружје.