„27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат утрово од СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ поттикна вооружени насилници да упаднат во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок и да предизвикаат и граѓанска војна.
Тоа е насилничка партија, која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните.
СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави 27 април, нема да дозволи никогаш да се повтори. Времето на крвави и црни датуми во македонската демократија, одамна е завршено“, додаваат од СДСМ.