Министерката за одбрана Славјанка Петровска на директорката на Директоратот за нуклеарната политика на НАТО Џесика Кокс, која е во дводневна посета на земјава, денеска и изрази благодарност за континуираната поддршка при учеството на Северна Македонија во тековните консултации на Алијансата.
Министерката Петровска истакна дека на средбите меѓу Кокс и највисокото државно раководство ќе бидат разгледани теми меѓу кои и преглед на НАТО мисијата на нуклеарното одвраќање.
Северна Македонија е полноправна членка на Алијансата и учествува во сите тековни процеси и активности на НАТО, истакна министерката Петровска.
Претходно директорката Кокс, на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ учествуваше на академски и тинк-тенк дијалог заедно со професори и студенти од Филозофскиот факултет и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.